Што е Гала Бинго и како се игра?

Гала Бинго е добро познатата игра со извлекување на броеви од 1 до 90, кое се одвива сè додека не се утврди дека постои барем една комбинација со петнаесет погодени броеви.

Повеќе информации за начинот на играње, фондовите и распределбата на добивки прочитајте во упатството за Гала Бинго

Промени во играта Гала Бинго - од сега полесно до добивки со поедноставни правила.Ново!

 

Извештај за резултатите

Проверете дали вашата Гала Бинго картичка има добивка:

Проверка

Извлекувањето на играта на среќа Гала Бинго се емитува на КАНАЛ 5 ТВ, секоја сабота од 20:00 часот.

 

Гала Бинго Број 23. коло

01875118
10.000 денари

Среќниот добитник ќе може да прошета во продажните салони на Техномаркет и @Home и да го одбере омилениот производ или производи во вредност од 10.000 денари. Ова е секако добивка која секој ја посакува бидејќи нуди избор производи од бела техника со светски имиња, најнови модели на мобилни телефони, дигитална електроника и лаптопи од водечките светски марки или декоративни производи за домот.

 

01892080
8.000 денари

Среќниот добитник ќе може да прошета во продажните салони на 2be и да го одбере омилениот производ или производи во вредност од 8.000 денари.

 

01888628
6.000 денари

Во Винер Осигурување, среќниот добитник во рамките на вредноста на ваучерот, може да избере производи од понудата на Винер - компанија која врши осигурување на моторни возила, осигурување на имот, како што се: домаќинското семејно осигурување, комбинираното осигурување на продавници и услужни дејности, на здравствени установи, на мали и средни фирми, големи компании, осигурување на транспорт, осигурување на одговорност од дејност. Повеќе информации на 02/15-999.

Гала Бинго Број партнери

http://loto.mk/aa/bingo_gala/gbb_partnersw.png

Резултати од 23. коло Гала Бинго од 18.06.2011



Извештај . коло

Добивки 

Во играта Гала Бинго постојат три категории на добивки.

1. Добивки од прва категорија со петнаесет погодоци:

- Добивка СУПЕР БИНГО - за 23. коло: очекувани над 2.200.000 денари, од 15. до 37. извлечен број

- Добивка ГАЛА БИНГО АВТОМОБИЛ - Passat Comfortline обезбеден во соработка со Порше Македонија и подарок каско осигурување од МК осигурување, за 23. коло позициониран до 90. број

- Добивка БИНГО - за 23. коло: очекувани над 120.000 денари, од 15. до 90. број, односно до остварување на добивката

 

2. Добивка од втора категорија -  10 погодоци се остварува заклучно со 34. извлечен број, ако се погодени сите 10 броеви во било кои два од трите реда во една од комбинациите испишани на потврдата.

3. Добивка од трета категорија -  5 погодоци се остварува заклучно со 34. извлечен број, ако се погодени сите 5 броеви во било кој ред од комбинациите испишани на потврдата. Извлекувањето се одвива се додека не се оствари добивка БИНГО.

Учеството во играта се обезбедува со уплата на Гала Бинго помошно ливче / Гала Бинго картичка, при што мора да се зачува потврдата за уплата, а картичката е само помошно средство кое може, но не мора да се земе и зачува. Цената на една Гала Бинго картичка, во која се содржани 6 комбинации,  изнесува 60 денари (10 денари комбинација).

Дополнителна игра Џокер

Заедно со уплатата за Гала Бинго може да се учествува во дополнителната игра Гала Бинго Џокер, со доплата од 20 денари по Џокер број, со усмено барање до продавачот за впишување на 1, 2 или 3 џокер броеви, кои ќе бидат внесени на потврдата за уплата. Во дополнителната игра Гала Бинго Џокер се извлекува шестцифрен број, на тој начин што за секоја цифра се извлекува еден број од 0 до 9.

Гарантиран фонд за Гала Бинго Џокер е  300.000 денари.

Како освежување,  Државна лотарија на Македонија во соработка со свои партнери подготви дополнителни стокови добивки кои ќе се извлекуваат во секоја емисија. На потврдата за уплата која се добива од продажното место како компјутерски испис на уплатени комбинации е испишан и единствен осумцифрен Гала бинго Број, кој може да донесе дополнителни стоково-парични добивки и по електронски пат се извлекува во секоја емисија. Добивките за оваа игра  ги обезбедуваат реномирани партнери на Државна лотарија, како Техномаркет, Ет Хоум, Ту Би, Винер осигурување.

Кога ќе има извлекување?

Извлекувањето на играта на среќа Гала Бинго се емитува на КАНАЛ 5 ТВ, секоја сабота од 20:00 часот.

Правила на играта Гала Бингоpdf

Измени на правилата за Гала Бингоpdf

Вашата бесценета приказна