За Кено

 

Кено е брза и едноставна игра на среќа со извлекување на 20 броеви од 1 до 80. Уплата за Кено се врши секојдневно, за кола кои се одржуваат од 10:00 часот до 22.00 часот, на секои 5 минути. Во КЕНО може да се одиграат 10 различни игри, од КЕНО игра 1 до КЕНО игра 10, во зависност од тоа колку броеви погодувате. Ако погодувате еден број – Вие играте КЕНО игра 1, со два броја играте КЕНО игра 2... а со десет броеви Вие сте одиграле КЕНО игра 10. Во секоја КЕНО игра, освен во КЕНО игра 1 и 2, можни се повеќе добивки. Во КЕНО игрите 6, 7, 8, 9 и 10, добивка се постигнува и кога нема да погодите ниту еден број. Во КЕНО, Вие по сопствен избор одлучувате за износот за уплата и Вашата добивка се одредува многу едноставно со множење на износот за уплата со коефициентот за постигнатата добивка.