Инстант лотарија

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома. 

Државна лотарија на Македонија постојано ја збогатува понудата на инстант лозови.  

Хороскоп, Подарок, Среќни коцки, 7-ма брзина, Детелинка, Твингоманија, Смајли, Среќни тркала 2 и Среќни тркала 3 се достапни во сите продажни места.

Со инстант лотаријата добивате крупна шанса за ситни пари - освојте го автомобилот од вашите соништа или парична добивка која се наоѓа во секој трет лоз.  Од сумата на секој купен инстант лоз на Државна лотарија на Македонија се одвојува процент наменет за општествени добра.


Калинка:

Емисија: 500.000 лозови
Емисиона вредност: 15.000.000 денари
Цена на лоз: 30 денари
Фонд на добивки 60%: 9.000.000 денари

Калинка

 

Лозот го носи името „Калинка“ со асоцијација на богата берба за играчите. „Калинка“ е првиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија кој нуди исклучиво парични добивки. Вкупниот фонд на добивки на инстант лозот изнесува 9.000.000 денари, а поединечната најголема добивка е 500.000 денари. Инстант лозот „Калинка“ со цена од 30 денари е конципиран за бројни чести добивки и во просек секој 2,6-ти лоз е добитен.

Број на добивки Вредност на добивка
1 x 500.000 денари
5 x 100.000 денари
10 x 10.000 денари
20 x 5.000 денари
300 x 1.000 денари
1.000 x 500 денари
10.000 x 100 денари
30.000 x 50 денари
150.000 x 30 денари
Вкупно 191.336

Добивките до 6.000 денари ги исплаќаат продавачите на продажните места, а добивките над тој износ ги исплаќа приредувачот. Правото за наплата на добивките застарува во рок од 60 дена по продажба на серијата.
Лозот е неважечки ако делумно или во целина се оштетени броевите, симболите и обележјата под другите полиња прекриени со емулзија, каде е наведено НЕ ГРЕБИ!

Правила на играта Калинкаpdf