ИЗВЕШТАЈ ЗА ИГРАТА ЛОТО 7 И ЏОКЕР

Резултати од извлекувањата Лото 7/37 и Џокер
Коло Датум Добитна комбинација Црвено топче ЏОКЕР БРОЈ Извештаи
10. 25 . 05 . 2019 5 21 12 22 35 27 36 НЕ 371417 ИЗВЕШТАЈ 10.КОЛО PDF верзија
9. 22 . 05 . 2019 35 22 11 3 30 7 1 НЕ 997221 ИЗВЕШТАЈ 9.КОЛО PDF верзија
8. 18 . 05 . 2019 1 30 3 14 20 15 6 НЕ 860563 ИЗВЕШТАЈ 8.КОЛО PDF верзија
7. 15 . 05 . 2019 27 20 34 18 5 9 2 НЕ 803618 ИЗВЕШТАЈ 7.КОЛО PDF верзија
6. 11 . 05 . 2019 9 18 27 2 14 34 3 ДА 890404 ИЗВЕШТАЈ 6.КОЛО PDF верзија
5. 08 . 05 . 2019 11 23 25 13 21 9 32 НЕ 989756 ИЗВЕШТАЈ 5.КОЛО PDF верзија
4. 04. 05 . 2019 21 25 10 4 32 22 23 НЕ 156225 ИЗВЕШТАЈ 4.КОЛО PDF верзија
3. 01. 05 . 2019 25 22 7 37 30 1 32 НЕ 958742 ИЗВЕШТАЈ 3.КОЛО PDF верзија
2. 27 . 04 . 2019 17 18 21 7 12 37 2 НЕ 306436 ИЗВЕШТАЈ 2.КОЛО PDF верзија
1. 24 . 04 . 2019 12 9 10 8 36 19 34 ДА 318987 ИЗВЕШТАЈ 1.КОЛО PDF верзија

 

Лото 7/37 - правила на играта

 

 

1. Што е Лото 7?

ЛОТО 7 е бројчана  игра во која цел е да се погодат кои седум броеви  ќе бидат извлечени од групата броеви од 1 до 37.

Добивка се остварува  доколку погодите  четири, пет, шест броја или доколку ги погодите сите седум броја, ја добивате главната добивка JACK-POT

 

2. Како се игра Лото 7?

Учеството во лото се остварува со уплата на влог за поединечна игра или игра со полн систем или игра со скратен систем на уплатно место на Приредувачот.
Уплата за учество во играта лото и џокер се прима со On-line терминали на уплатни места на Приредувачот, на некој од следните начини:
- со вчитување на пополнето помошно ливче на продажното место.
- со издавање на потврда за уплата на усмено (вербално) барање на учесникот во играта - со диктирање на  играта, директно на уплатното место.
- со скенирање на бар кодот од предходно уплатена потврда каде учесникот во играта може да ги одигра истите броеви и број на кола од скенираната потврда за уплата. 

 

 

На помошното ливче за учество во лото се наоѓаат десет групни полиња.Едно групно поле го сочинуваат квадратчиња со втиснати броеви од 1 до 37 на кои учесникот по свој избор може да одигра поединечна комбинација, полн систем или скратен систем и тоа:

 

3. Поединечна комбинација

Ако во едно групно поле се означат седум броеви. Секое пополнето групно поле претставува една комбинација.

 

4. Полни Системи

Ако во едно групно поле се означат броеви од 8 до 17 по избор на играчот, во зависност од одиграната комбинација од полниот систем. Одбирајќи игра со полн систем се избираат сите можни комбинации од седум броеви што можат да се дефинираат со броевите кои се одбрани и одиграни.

Табела на полни системи:

 Броеви  8  9 10
 11  12  13  14 15
 16  17
 Комбинации  8 36
120
330
792
1716
3432
6435
11440
19448

 

5. Скратени Системи

Ако во полето за скратени системи се означи бројот на еден од понудените 24 скратени системи, а во групното поле се означат онолку броеви колку што се прикажани во табелата од одбраниот скратен систем. Со означување на бројот на скратениот систем се одредува бројот на одиграни броеви, како и бројот на одиграни комбинации за одреден скратен систем.(Пример: ако е одбран и обележан со знак х редниот број на  систем 1 од табелата за скратени системи и во групното поле се означат со знак х, 13 броеви, тоа значи дека е одигран скратен систем  од 4 комбинации). Скратените системи ги немаат сите можни комбинации од одбраните и одиграни броеви кои учествуваат во играта, туку играат односно учествуваат само оние комбинации кои се дадени односно предефинирани во самиот скратен систем кој е одигран. Пред почеток на приредување на играта Приредувачот со Одлука за објавување јавно ќе ги објави табелите на сите 24 скратени системи како и максималните и минималните добивки за секој систем поединечно. Во табелите дефинирани се комбинациите за секој систем поединечно. Бројот и видот на добивките се одредува исклучиво врз основа на табелата на скратените системи, кои комбинации се однапред предефинирани. Добитна комбинација лото во одигран скратен систем е онаа комбинација која ја има во објавените 24 скратени системи. Означените и одиграни броеви во комбинација од скратениот систем се впишуваат по аритметички редослед.(Пример:ако е одигран скратен сиситем со 10 (десет) броеви (БР.на СИСТЕМ 17), со вкупно 17 одиграни комбинации, а одбрани и изиграни се следните броеви 3,5,9,10,17,22,25,28,31 и 37, тоа значи дека во одиграната прва комбинација во системот како прв (1) број означен е првиот најмал број што е одигран, а тоа е (бројот 3), како втор (2) број означен е следниот по ред број кој е одигран, а во примерот тоа е бројот 5. Како трет (3) број означен е третиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 9. Како четврти (4) број означен е четвртиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 10. Како петти (5) бројот означен е петтиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 17. Како шести (6) број означен е шестиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 22 и како седми (7) број означен е седмиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 25. Тоа е првата од 17-те испишани и одиграни комбинации во системот и тоа 3,5,9,10,17,22 и 25.  

Скратените системи се поделени во три групи и тоа:

Системи кои гарантираат добивка со 4 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 1 до 9) и тоа:  

Бр. на систем 1 2
3
4
5
6
7
8
9
Броеви 13 14
15
16
17
18
19
20
21
Комбинации
 4 6
9
11
15
18
25
34
40

Системи кои гарантираат добивка со 5 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 10 до 16) и тоа:

Бр. на систем 10 11
12
13
14
15
16
Броеви 13 14
15
16
17
18
19
Комбинации
50 78
108
153
211
285
382

Системи кои гарантираат добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 17 до 24) и тоа:
 
Бр. на систем 17 18
19 20 21 22 23 24
Броеви 10 11
12 13 14 15 16 17
Комбинации
17
22 49 91 100 296 509 803

Поединечни и системски комбинации на броеви во лото можат да се одиграат и со случаен избор на броеви кој на барање на учесникот го одредува компјутерскиот програм.   
Ако се означи квик пик на помошното ливче, компјутерот по случаен избор од 1 до 37 броја, ќе избере комбинација од 7 броја.
Ако се означи квик пик и се означи еден број од 8 до 17 во групното поле, компјутерот по случаен избор од 1 до 37 броја, ќе ги избере броевите од означениот полн систем.
Доколку се означи бројот на еден од понудените 24 скратени системи и се означи квик пик на помошното ливче системот по случаен избор ќе ги одреди броевите од означениот скратен систем.
На едно помошно ливче може да се комбинира поединечна игра и игра со полн систем. Скратените системи не може да се играат на едно помошно ливче  со поединечна игра  и игра со полн систем.
Ако се означи “поништи”, одиграната комбинација (комбинации) на тоа групно поле не учествува во играта.
За џокер, во левиот дел на помошното ливче има вертикално поредени   девет полиња означени  со броевите  1, 2, 3, 4, 5, 10, 20, 30 50 кои означуваат колку комбинации џокер броеви играчот сака да одигра. Со означување на едно од овие полиња, се означува колку шестоцифрени  броеви ќе исфрли терминалот по случаен избор.
Во десниот дел на помошното ливче се наоѓаат девет квадратчиња кои се означени со броевите 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10. Со нивно прецртување се означува игра за повеќе кола однапред (претплата) односно учество за играта лото и учество во дополнителната игра Џокер.
На задната страна на помошното ливче за лото и џокер е содржана табела за полни системи лото, како се пополнува и игра скратен систем лото определени од Приредувачот, како и скратен извод од овие Правила.

 

6. Потврда за уплата

Доказ за учествување во лото и џокер е исклучиво издадената потврда за уплата лото или џокер. Потврдата за уплата учествува во тоа коло, за кое нејзиниот компјутерски запис е запишан на  електронскиот запис на централниот систем.
Потврдата за уплата е испишана на термална хартија. Гледано одгоре надолу, во истата задолжително е потребно да бидат содржани следниве  основни елементи:
Име на Приредувачот,
Адреса на Приредувачот,
Даночен број на Приредувачот и web адреса на Приредувачот,
Име на уплатно место, број и адреса на продажното место,
Лого на играта,
Текст: Потврда за уплата и бр.на коло во претплата,
Идентификациски број на продавачот,продажното место,
Број на коло и идентификациски бар код за сторно,
Одиграни комбинации лото,
Одиграни џокер броеви,
Рекапитулар и износ на извршената уплата,
Текст: Задолжително побарајте фискална сметка,
Текст: Правото за наплата на добивките застарува во рок од 30 дена од денот на објавување на извештајот за резултатите од играта,
Датум и време на уплата,
Контролен бар код за исплата на добивки или сторно,
Текст: Игрите на среќа се ослободени од ДДВ по член 23 од ЗДДВ,
Текст: Оваа потврда е основа за исплата на добивка.
Потврдата за уплата може да содржи и други информации.

 

7. Извлекување и резултати на играта

ИЗВЛЕКУВАЊЕТО е јавно, во директен ТВ пренос на програмата на ТВ КАНАЛ 5.

РЕЗУЛТАТОТ ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО - извлечените броеви и неофицијалниот извештај се објавуваат  веднаш по извлекувањето на броевите лото и џокер бројот. Резултатите може да се добијат на сите продажни места на Државната лотарија на Македонија и на оваа интернет страница.

 

8. Добивки и нивна исплата

Добивките до 5.000 денари се исплаќаат во продажните места, а над тој износ во Државната лотарија на Македонија, (зграда на МРТВ, 18. кат), контакт телефон (02) 323-7777. 

Добивки во Лото 7
Категорија Име на добивка Кога се остварува добивката
I седум погодоци Прва кетегорија, ако на потврдата за уплата лото во поединечна комбинација се погодени сите седум извлечени броеви (седумка).

II
шест погодоци
Втора кетегорија, ако на потврдата за уплата лото во поединечна комбинација се погодени шест броеви од седумте извлечени броеви (шестка)

III
пет погодоци
Трета категорија, ако на потврдата за уплата лото во поединечна комбинација се погодени  пет броеви од седумте извлечени броеви  (петка)
IV четири погодоци
Четврта категорија, ако на потврдата за уплата лото во поединечна комбинација се погодени  четири броеви од седумте извлечени броеви (четворка).

 

Фондот на добивките лото во поединечно коло се распоредува:
Во четвртата категорија на добивки, секоја добивка има фиксен износ во вредност идентична со цената на десет комбинации лото .
    Откако од вкупниот фонд за добивки од лото биде одземена сумата наменета за четвртата категорија добивки, остатокот се распоредува:
                   За добивки со седум погодоци                    47%                   
                   За добивки со шест  погодоци                     20%     
                   За добивки со пет погодоци                        17%                    
                   Резервен фонд                                             16%
    Износот на делот од фондот за добивки за секоја категорија на добивки се дели рамномерно на вкупниот број на добивки од соодветната категорија.
Доколку во текот на извлекувањето на добитната комбинација на поединечно коло лото односно до извлекување заклучно со седмото по ред извлечено топче означено со број, се извлече еднобојното топче без нумеричка ознака во тој случај добивките од втората категорија на добивки (добивки со шест погодоци), добивките од третата категорија на добивки (добивки со пет погодоци) и добивките од четвртата категорија на добивки (добивки со четири погодоци) ќе се дуплираат односно ќе бидат исплатени во двоен износ.
 

Добивки во ЏОКЕР
Категорија Кога се остварува добивка Распределба
на фондот*
I кога отпечатениот џокер број на потврдата за уплата во потполност одговара на извлечениот џокер број. Гарантираниот фонд е 600.000 денари. 20%
II кога првите пет или последните пет цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први пет или последни пет цифри од извлечениот џокер број 20%
III кога првите четири или последните четири цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први четири или последни четири цифри од извлечениот џокер број 20%
IV кога првите три или последните три цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први три или последни три цифри од извлечениот џокер број 20%
V кога првите две или последните две цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први две или последни две цифри од извлечениот џокер број 20%
VI кога првата или последната цифра од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата е идентична со соодветната прва или последна цифра од извлечениот џокер број број на добивки Х фиксен износ на добивка (20 денари)

  

9. Зошто се игра Лото 7 и Џокер?

Секоја уплата има двоен карактер: се ужива во играта, во можноста да се добие, а истовремено со тоа се прави добро за другите. Средствата кои ги остварува Државната лотарија на Македонија од приредувањето на игрите се уплатуваат во буџетот на Република Македонија, а потоа тие средства се распределуваат во општествено корисни цели: за спорт, техничка култура, хуманитарни организации и слично.