За играта Лото 7

Играта Лото 7 е бројчана игра на среќа во која се извлекуваат 7 од 37 броеви. Државна лотарија,  започна да ја приредува оваа игра на среќа во чест на влезот во 10тата година од приредување игри на среќа, непосредно по затворањето на 32рото коло НовоЛото 7/34, на 20.04.2019.  Како датум на извлекување на првото коло од играта на среќа Лото 7 ќе биде запамтен 24ти април, 2019

Под среќна ѕвезда - е слоганот на играта Лото 7, кој ќе им донесе среќа на многу играчи и чувство дека навистина застанале под среќна ѕвезда.

Зошто Лото 7?

- Поголеми ДОБИВКИ
- Поинтересна ИГРА
- Повеќе ЗАБАВА

 
Поголеми добивки: Лото 7 како тип на игра ќе понуди поголеми и поатрактивни добивки. Како одговор на досегашните сугестии на лото играчите, во Лото 7 категориите 6ка, 5ка и 4ка, ќе носат повисоки суми на добивки, а категоријата 4ка ќе има (единечна) фиксна добивка во износ од цената за уплата на десет колони од по седум броеви;

Црвено топче ќе ги удвојува сумите за категориите добивки 4ка, 5ка и 6ка.Покрај топчињата со бројчиња, во миксерот ќе има и едно црвено топче, кое доколку биде извлечено, ќе се удвојат сумите на сите категории добивки, освен 7ката. Очекувањето на црвеното топче ќе внесе дополнителна возбуда. Со
црвеното топче ќе се радуваме на примамливи двојни добивки во категориите за 4ка, 5ка и 6ка.

Нови помошни ливчиња со ретро изглед и обележани скратени системи. За сите Лото носталгичари, го вративме стариот препознатлив изглед на цврено/белото мало Лото ливче. Но помошните ливчиња, покрај промена на изгледот имаат промена и во содржината и функцијата. До сега, на едно
помошно ливче играчите имаа можност да играат само комбинација од седум среќни бреви, или полни системи. Од сега, играчите на едно помошно ливче ќе имаат можност да изберат или да играат како и до сега посебни комбинации од по седум броеви и полни системи, или пак да играат скратен систем.

Полесно до скратени системи, на барање на играчите „системаши“. Едно од најчестите барања на познавачите на Лото играта, беше поедноставување на
можноста за играње скратени системи. Со новите помошни ливчиња и познавачите и новите играчи ќе можат едноставно и лесно да играат скратени системи. На новото помошно ливче се наведени 24 скратени системи. Играчот треба само да го обележи бројот на скратениот систем и во една колона да го пополни соодветниот број на среќни броеви, или да одигра Quick Pick.

Претплата до 10 кола однапред - За разлика од до сега, кога максималната претплата беше со можност до 5 кола однапред, на барање на играчите, воведена е можност за претплата до 10 кола, што како и до сега се обележува на помошното ливче.

Побрза можност за повторна уплата - на броевите од претходно коло - За сите кои практикуваат да ги уплаќаат истите броеви и комбинации од коло во коло, од сега не мора да ги чуваат старите помошни ливчиња и да ги препишуваат. Треба само да ги чуваат потврдите за уплата. На продажните места од сега брзо и лесно, може да се скенира потврдата за уплата од претходното коло или да се копира бар кодот од истата. Ова е најбрзиот и најлесен начин на уплата, која ќе олесни на сите кои се верни на истите среќни броеви.

Играта Џокер  е од сега самостојна – На барање на Џокер играчите, од сега, во играта Џокер, може да се учествува без претходна уплата за учество во играта Лото. На едно помошно ливче може да се уплатат и до 50 џокер броеви, за разлика од досега кога беше можна уплата до 20 џокер броеви.

Во игрите Лото7  и Џокер како и до сега може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно  место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick.

За играта Џокер

Во играта Џокер, може да се учествува без претходна уплата за учество во играта Лото. На едно помошно ливче може да се уплатат и до 50 џокер броеви, за разлика од досега кога беше можна уплата до 20 џокер броеви.

Во игрите Лото7  и Џокер како и до сега може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно  место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick.