1.Зошто да се игра Скратен систем

Одбирајќи игра со полн систем се избираат сите можни комбинации од седум броеви кои се дефинирани со броевите кои се одбрани и одиграни. Пример: доколку е одигран полн систем од 10 броеви, тоа значи дека се одиграни сите 120 комбинации од 7 броеви (број на извлечени броеви во играта), (120 комбинации х 20 денари = 2.400 денари). Зависно од одбраниот систем, доколку се погодени сите 7 броеви, полниот систем гарантира една добивка од прва категорија на добивки (добивка со седум погодоци), а дополнително полниот систем овозможува и помали добивки во зависност од полниот систем кој е одбран и одигран.

Скратените системи ги немаат сите математички можни комбинации од одбраните и одиграни броеви кои учествуваат во играта, туку играат односно учествуваат само оние комбинации кои се дадени односно дефинирани во самиот скратен систем кој е одигран. Пример: доколку е одигран скратен систем од 10 броеви (БР. на СИСТЕМ – 17), тоа значи дека се одиграни 17 комбинации од 7 броеви (број на извлечени броеви во играта), (17 комбинации х 20 денари = 340 денари).

Предноста на скратените системи е во тоа што може да се учествува во играта на среќа Лото со далеку поголем број на броеви, а при тоа износот кој треба да се уплати за скратениот систем е далеку помал од износот кој треба да се уплати за полн систем со ист број на одиграни броеви. Пример: полн систем со 14 одиграни броеви има 3.432 комбинации (3.432 комбинации х 20 денари = 68.640 денари), а скратен систем кој гарантира добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви има 100 комбинации (100 комбинации х 20 денари = 2.000 денари.

Во играта учествуваат само оние комбинации кои се дадени во самата дефиниција на одбраниот скратен систем.

Понудените 24скратените системи поделени се во три групи и тоа:

а) Системи кои гарантираат добивка со 4 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 1 до 9),

б) Системи кои гарантираат добивка со 5 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 10 до 16) и

в) Системи кои гарантираат добивка со 6 погодоци од 7 погодени броеви (Бр.на систем од 17 до 24).

Во системот (електронскиот запис), означените и одиграни броеви во комбинација од скратениот систем впишани се по аритметички редослед.

(Пример:ако е одигран скратен сиситем со 10 (десет) броеви (БР.на СИСТЕМ 17), со вкупно 17 одиграни комбинации, а одбрани и изиграни се следните броеви 3,5,9,10,17,22,25,28,31 и 37, тоа значи дека во одиграната прва комбинација во системот како прв (1) број означен е првиот најмал број што е одигран, а тоа е (бројот 3), како втор (2) број означен е следниот по ред број кој е одигран, а во примерот тоа е бројот 5. Како трет (3) број означен е третиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 9. Како четврти (4) број означен е четвртиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 10. Како петти (5) бројот означен е петтиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 17. Како шести (6) број означен е шестиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 22 и како седми (7) број означен е седмиот по ред одигран број по редослед, а тоа е бројот 25. Тоа е првата од 17-те испишани и одиграни комбинации во системот и тоа 3,5,9,10,17,22 и 25.

 

 

2.Како се пополнува и игра скратен  систем

Во табелата со скратени системи понудени се 24 скратени системи.

Со знакот Х во полето БР. на СИСТЕМ се обележува бројот на скратениот систем. Во примерот е означен и одигран скратен систем со реден број 21, кој систем е со 14 броеви и одиграни 100 комбинации.

ПРИМЕР: во едно од десетте групни полиња се одбираат и означуваат 14 од понудените 37 броеви, истотака се означува и редниот БР.на СИСТЕМ - 21 (како што е даден во примерот). Тоа значи дека е одигран скратен систем од 14 броеви со 100 комбинации х 20 денари = 2.000 денари.




 

Во табелата со број на погодоци може да се видат минималните и максималните добивки за скратениот систем со реден број 21.

На едно помошно ливче може да се комбинира поединечна игра и игра со полн систем. Скратените системи не може да се комбинираат на едно помошно ливче со поединечна игра и игра со полн систем.

3. Како да се пресмета добивка на скратен систем

Табелата со бројот на погодоци како и минималните и максималните добивки за секој скратен систем посебно: