За НовоЛото 7/34

Лотото низ историјата

Лотото е една од најтрадиционалните игри на среќа во светот. Првите податоци за извлекување на лото датираат некаде околу II век п.н.е. во Кина и се смета дека од нив се финансирале големи владини проекти, меѓу кои и изградбата на Кинескиот ѕид. Во Европа извлекувањето на лотарија била дел од вечерните забави во Римската империја, каде императорот Август Цезар од продадените билети создавал фондови за поправка на градот Рим. Денес лотото е еден масовен феномен во речиси сите земји во светот. Во Македонија до сега биле приредувани различни видови Лото: 5/36 - Првото Лото како заедничка игра во време на СФРЈ, подоцна променета во 7/39; од 1992 како самостојна игра во Македонија се приредувало 7/39 како и 6/39, а еден краток период во меѓувреме и 5/45; Последно Лото кое се приредувало е 7/37 се до крајот на 2007.

Ново Лото 7/34

НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија претставува еден сосема нов концепт на оваа игра на среќа, каде самото лото ливче претставува медиум помеѓу среќата, културата, забавата и хуманоста. Покрај тоа, системот 7/34 за прв пат се приредува во Македонија, а избран е како полесен начин за постигнување добивка.

НовоЛото 7/34 има помал број на комбинации отколку Лото 7/39 и 7/37 и обезбедува почести можности за добивки, па затоа сметаме дека одговара на нашиот локален пазар според бројноста на играчите. Овој тип на Лото го направивме по мерка на македонските граѓани, не го прекопиравме како пример, туку го конципиравме како нов модел – затоа и го нарековме НовоЛото.


броеви комбинации
8 8
9 36
10 120
11 330
12 792
13 1.716
14 3.432
15 6.435
16 11.440
17 19.448



Позадината на помошните лото ливчиња се сублимирани податоци за македонското културно богатство, кое ги опфаќа најпознатите археолошки наоѓалишта и дел од најважните археолошки пронајдоци, неповторливите македонски манастири и монументалните муслимански градби во земјата. Во подоцнежните серии се предвидува претставување на природните убавини, македонските градови, традиционалните вредности и големите личности кои ја красат богатата македонска традиција. Со ова, покрај самата забава и големата можност за добивка, секој љубител на лотото може да направи своја колекција на убавините на својата земја, да научи нешто ново или пак да го потврди своето досегашно знаење. Од секоја уплата на НовоЛото 7/34 се издвојува одреден процент со кој се создава хуманитарен фонд за општо добро. За учество во играта Лото и дополнителната игра Џокер важат правилата за НовоЛото 7 од 34, кои се наоѓаат на уплатните места на Приредувачот. Одиграната лото комбинација е услов за учество во играта Џокер. Помошното ливче е исклучиво помошно средство и не може да послужи како доказ за учество во играта. Доказ за учество во играта Лото е исклучиво издадената потврда за уплата. Добивките се исплатуваат на уплатните места, до износот кој го одредил Приредувачот, а над тој износ на благајната во седштето на Приредувачот. Правото за наплата на добивките застарува во рок од 30 дена, сметано од денот на објавување на резултатите на играта. Исплатата ја гарантира Државна лотарија на Македонија АД Скопје.