НовоЛото 7/34 - правила на играта

 

1. Што е НовоЛото 7/34?

 НовоЛото 7/34 е бројчана  игра во која цел е да се погодат кои седум броеви (плус дополнителен број) ќе бидат извлечени од групата броеви од 1 до 34.

Добивка се остварува  доколку погодите  четири, пет, шест броја или шест + дополнителен број.

Доколку ги погодите сите седум броја, ја добивате главната добивка JACK-POT.

 

2. Како се игра НовоЛото 7/34?

На некое од бројните продажни места на Државната лотарија на Македонија се добива бесплатно помошно ливче за играта НовоЛото 7/34, кое служи само како помошно средство за уплата (а не како доказ за учествување во играта) и може да се користи повеќе пати, а може да се вклучите во играта – извршите уплата НовоЛото 7/34 и џокер и усмено.

броеви комбинации
8 8
9 36
10 120
11 330
12 792
13 1.716
14 3.432
15 6.435
16 11.440
17 19.448

 

 

Уплатите за учество во играта НовоЛото 7/34 се примаат со помош на помошно ливче на кое се наоѓаат групни полиња со напишани броеви од 1 до 34.

Помошното ливче за лото се пополнува читко, со темносино или црно хемиско пенкало, без поправки и неправилно означување, односно така да знакот “Х” не ја надминува рамката на предвиденото поле.

На овие групни полиња, учесникот по свој избор може да одигра поединечна комбинација, како и повеќе комбинации со полн систем и тоа:

  • поединечна комбинација, ако во групното поле се означат седум броеви
  • полн систем, ако во групното поле се означи еден број од долу прикажаната табела на полни системи кои се во примена.

Полни системи:

Ако се означи квик пик, компјутерот по случаен избор од 1 - 34 броја, ќе избере комбинација од 7 броја.
Ако се означи квик пик и се означи еден број од 8 - 17 во групното поле, компјутерот по случаен избор од 1 - 34 броја, ќе ги избере броевите од означениот полн систем.
Ако се означи поништи, одиграната комбинација (комбинации) на тоа групно поле се исфрлува - не учествува.
Во играта лото 7/34 е можно одеднаш да се уплатат повеќе кола (лото претплата). Во долниот лев агол на помошното ливче се наоѓаат четири квадратчиња кои се означени со броевите 2, 3, 4 и 5 и со нивно прецртување се означува колку кола лото ќе учествува ова помошно ливче.
На опачината на помошното ливче за лото се наоѓаат табели за полни системи, определени од приредувачот и скратен извод од овие правила.
За дополнителната игра џокер, има  неколку полиња означени со броеви кои означуваат колку џокер броеви сакаме да одиграме. Со означување на едно од овие полиња, се означува колку шестоцифрени броеви ќе исфрли компјутерот по случаен избор. 
Сите горе наведени можности за играње може да ги извршите и усмено.

3. Потврда за уплата

Потврдата за уплата е единствен доказ за учествување во играта и средство врз основа на кое се исплатува добивката.
Секоја потврда за уплата е единствена и позната само на сопственикот односно играчот. Потврдата ги содржи податоците за одиграните комбинации, колото, џокер бројот, број на кола за лото претплата,  шифрата на продавачот и продажното место, учество  во лото, вкупен износ  на уплатата во денари, контролен код (кој е познат само на сопственикот  на потврдата) и податок за точното време на прием на уплатата.

 

4. Извлекување и резултати на играта

ИЗВЛЕКУВАЊЕТО е јавно, во директен ТВ пренос на програмата на ТВ Сител.

РЕЗУЛТАТОТ ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО - извлечените броеви и неофицијалниот извештај се објавуваат  веднаш по извлекувањето на броевите лото и џокер бројот. Резултатите може да се добијат на сите продажни места на Државната лотарија на Македонија и на оваа интернет страница.

 

5. Добивки и нивна исплата

Добивките до 5.000 денари се исплаќаат во продажните места, а над тој износ во Државната лотарија на Македонија, (зграда на МРТВ, 18. кат), контакт телефон (02) 323-7777. 

 

 

Добивки во НовоЛото 7/34
Категорија Име на добивка Кога се остварува добивката Распределба
на фондот
I седум погодоци кога во поединечна комбинација се погодени сите 7 извлечени броеви. Гарантираниот фонд изнесува 6.000.000 денари. 30%
II шест плус еден погодоци кога во поединечна комбинација се погодени шест извлечени броеви плус дополнителниот број 5%
III шест погодоци кога во поединечна комбинација се погодени шест извлечени броеви 15%
IV пет погодоци кога во поединечна комбинација се погодени пет извлечени броеви 15%
V четири погодоци кога во поединечна комбинација се погодени четири извлечени броеви 35%

 

Фондот на добивки изнесува 50% од вкупната уплата за НовоЛото 7/34. Износот на делот од фондот за добивки за секоја категорија на добивки се дели рамномерно на вкупниот број на добивки од соодветната категорија. Во дополнителната игра џокер се извлекува шестоцифрен број на тој начин што за секоја цифра се извлекува еден број од 0 до 9.

 

Добивки во НовоЛото 7/34 ЏОКЕР
Категорија Кога се остварува добивка Распределба
на фондот*
I кога отпечатениот џокер број на потврдата за уплата во потполност одговара на извлечениот џокер број. Гарантираниот фонд е 600.000 денари. 20%
II кога првите пет или последните пет цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први пет или последни пет цифри од извлечениот џокер број 20%
III кога првите четири или последните четири цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први четири или последни четири цифри од извлечениот џокер број 20%
IV кога првите три или последните три цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први три или последни три цифри од извлечениот џокер број 20%
V кога првите две или последните две цифри од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата се идентични со соодветните први две или последни две цифри од извлечениот џокер број 20%
VI кога првата или последната цифра од отпечатениот џокер број на потврдата за уплата е идентична со соодветната прва или последна цифра од извлечениот џокер број број на добивки Х фиксен износ на добивка (20 денари)

 

*Појаснување:
Во играта НовоЛото 7/34 Џокер постојат шест добитни категории на добивки. Фондот на добивките во оваа дополнителна игра изнесува 50% од вкупната уплата за оваа игра и се распределува на следниот начин: откако од вкупниот фонд за НовоЛото 7/34 Џокер ќе се одземе сумата наменета за шестата категорија на добивки, остатокот се распределува по 20% за секоја од другите категории - од прва заклучно со петта. Износот на поединечна добивка од овие категории (I-V) се утврдува така што делот од фондот на добивки наменет за секоја категорија се дели рамномерно на вкупниот број добивки од таа категорија. Правото на добивка се остварува со давање на исправна потврда за уплата. Износите до 5.000,00 МКД се исплатуваат на секое продажно место, а над тој износ на благајната на Државна лотарија на Македонија Бул. Гоце Делчев бр.8 Скопје уште следниот ден по извршеното извлекување. Рокот за наплата е 30 дена од објавувањето на извештајот.

 

6. Зошто се игра НовоЛото 7/34?

Секоја уплата има двоен карактер: се ужива во играта, во можноста да се добие, а истовремено со тоа се прави добро за другите. Средствата кои ги остварува Државната лотарија на Македонија од приредувањето на игрите се уплатуваат во буџетот на Република Македонија, а потоа тие средства се распределуваат во општествено корисни цели: за спорт, техничка култура, хуманитарни организации и слично.