Иван Трајковиќ од Старо Нагоричане, редовно купувал инстант лозови од продажните места во Куманово. Денес, на родениот ден на сопругата, дојде на благајната на Државна лотарија на Македонија во Скопје, со својот добитен лоз СЕФ, на кој помалиот син изгребал добивка од 100.000 денари.