Веспа е неговиот среќен знак

Пред салонот на 2Би во Струмица, во саботата на 30.03.2013, во присуство на бројни љубители на играта на среќа Џамбо Бинго на тимот на Државна лотарија на Македонија, како и популарната водителка Марјана, се одржа промоција на оваа омилена семејна игра на среќа. Ретко кој од посетителите уплатуваше помалку од три Џамбо Бинго картички и секој од нив доби подарок со знакот на Џамбо Бинго.

Тимот на Државна лотарија на Македонија и љубезниот персонал на салонот 2Би за играчите и заинтересираните им ги даваа сите потребни податоци за оваа игра на среќа и со задоволство констатираа дека и до сега Струмица била домаќин на многу добивки, а со ваков интерес, традицијата ќе продолжи. Покрај ова интересно дружење со играчите на нашите игри на среќа, во Струмица имавме  задоволство да го запознаеме и нашиот најнов добитник на премија. Овој пат станува збор за премијата во Инстант лотаријата Смајли.

Ѓорѓи Танчев од село Смолари - Струмичко, е новиот сопственик на премијата - Веспа, благодарение на Инстант среќната лотарија Смајли. Тој е вљубеник во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Најчесто игра НОВОЛОТО, Џамбо Бинго, но практикува да игра и Инстант лотарија. Интересно е  тоа што покрај оваа премија, претходно среќата му донела уште една награда, но тогаш благодарение на наградна игра за кафе.

Својот среќен лоз Смајли го купил во продажното место Ту Би, во Струмица.

Само за потсетување, на барање на играчите Државна лотарија на Македонија за сите кои се млади во срцето, го пласираше својот прв Инстант лоз со добивки скутери. И вие може да станете еден од 35те сопственици на скутер. За само 30 денари, може да го имате скутерот од своите соништа - Aprilia SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!

Со овој инстант лоз ја славиме 20-гошнината на емотиконот смајли и уметноста на графитите.

Досега доделивме 19 скутери, а во игра остануваат уште 16.  Играјте, за да добиете.

За добро,

Државна лотарија на Македонија