Скопје, 27.08.2010. Државна лотарија на Македонија на крајот на летото им донесе бројни добивки на играчите, преку НовоЛото 7/34 и Инстант лотаријата. По до сега најголемата добивка на НовоЛото 7/34 каде за прв пат се постигна добивка за 6+1, која на двајца добитници во седумнаесетото коло им донесе по 387.261, 50 денари, сега се додели и првата премија од Инстант лотаријата ЅВЕЗДЕН ПАТ.

Инстант лозот со добивка автомобил Ланчиа Делта е купен во Прилеп во продажниот салон на Тобако, ја купила бабата на внукот кој со гребење во правецот на стрелките дошол до полето кое покажува на преубавиот автомобил.

 

Бабата Блага Јанеска и среќниот внук Давид со целото семејство денес беа гости на Државна лотарија на Македонија и автодилерот Автомобиле СК во чиј салон беше свечениот чин на потпишувањето на документите и предавањето на автомобилот, по што новата Ланчиа како по ѕвезден пат замина за Прилеп.

Ова е трет автомобил кој за неполни 4 месеци го доделува Државната лотарија на Македонија. Првиот Голф 6 ТДИ замина во Битола, вториот во Тетово, а сега на мапата на среќни добитници се впиша и Прилеп.  

Инстант лотаријата со лозовите Ѕвезден пат и Среќни тркала изобилува и со богати парични добивки од кои 500.000,00 денари неодамна беа исплатени на добитник од Скопје кој среќната грепка Ѕвезден пат ја купил на продажно место на Стоп Шоп на ул. Партизанска.

Уште една прекрасна Ланчиа Делта и бројни парични добивки ги очекуваат играчите преку Инстант лозовите кои се нудат на продажните места низ Македонија, каде воедно се врши и уплата на НовоЛото 7/34 за што фондот за 7ка носи 100.000 евра кои ги гарантира приредувачот.

По само 3 месеци од приредувањето игри на среќа Државна лотарија на Македонија, предаде 3 автомобили и исплати бројни парични добивки со што израдува голем број граѓани кои веруваат во игрите на среќа. Во иднина престојат уште бројни добивки од постоечките игри на среќа, но и од новите што се во подготовка, а со кои Лотаријата ќе ја збогати понудата во име на довербата на ѓраѓаните, ЗА ДОБРО.