Едни од среќните добитници на големи добивки се Горан Андоновски од Горно Лисиче, Скопје, кој со ЗЛАТНА РИПКА улови 100.000 денари. Како што ни кажа при посетата на просториите на Државна лотарија на Македонија, се работи за редовен играч кој својот лоз го купил од среќното место во Капитол Мол. Парите, како што ни се пофали, му дошле одлично за подготовка на децата за септемвриските училишни денови како и за подароци за најблиските.
 
В.В од Скопје е, исто така, среќната добитничка која успеа да улови 50.000 денари од ЗЛАТНАта РИПКА. Како што ни кажа, купувајќи НовоЛото 7/34 за нејзината мајка, за себе си купила еден лоз од новата серија на ЗЛАТНА РИПКА кој и донел 50.000 денари. Ова е за неа прва поголема добивка, се надеваме не и последна.
 
Инаку, покрај МИЛИОНОТ , во Златна Рипка се кријат и три добивки од 500.000 денари и многу други од 100.000 денари, 50.000 денари па се до 50 денари. Посебноста на овој лоз е во тоа што на еден инстант лоз играчите можат да дојдат до три добивки.
 
Не пропуштајте  ја шансата за добивка.  Пронајдете ја вашата   ЗЛАТНА РИПКА и УЛОВЕТЕ ГО МИЛИОНОТ.
 
Државна лотарија на Македонија

За добро!