Среќната добитничка денес ги посети просториите на Државната лотарија на Македонија и видно возбудена ни раскажа како освоила 100.000 денари. По долго инсистирање на пријателите, се согласила да излезе на прошетка. Како што доликува на редовен играч на игрите на среќа на Државната лотарија на Македонија, Николова Т. решила да си купи два лоза од среќното место Браво Нутз во Велес  и таа вечер да си ја проба среќата. И навистина, среќата и се насмеала, СЕФОТ се отворил и во него 100.000 денари.

Николова Т. се пофали дека добивката одлично ќе и дојде за шопинг, но нема да ги заборави и подароците за најблиските.

„Никогаш не се откажувајте, среќата се насмевнува кога најмалку очекувате!“ – порача среќната добитничка.

Да потсетиме, СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета шифра впишана во полето ОТВОРИ ГО СЕФОТ се совпаѓа со една од трицифрените шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 , а знаците € € € ја кријат паричната добивка. Првата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , а во неа секој трет лоз е добитен.