Елеонора Монева од Кочани е среќната добитничка на прекрасниот KIA SPORTAGE.

Пресреќна и возбудена, заедно со нејзиното момче ни ја раскажаа нивната приказна со среќен крај. Деветнаесет годишната Елеонора купила два лоза АВАНТУРА, една за нејзе и една за нејзиното момче. Нејзиниот лоз имал добивка од 60 денари, но со вториот лоз среќата се насмевнала и ги изненадила пријатно. Не верувајќи дека на лозот има изгребано доволно автомочилчиња, заминале до среќното место АНАФИЛ во Кочани каде што лозот бил купен за да им ја потврдат добивката.

Откако се увериле дека токму тие ќе ja  возат новата црвена убавица KIA SPORTAGE низ улиците во Кочани, прославата започнала. Елеонора, исто така, ни кажа дека засега нема положено возачки испит, но ова е доволен мотив да положи што поскоро.

Да потсетиме, инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.

 Играчите на инстант лозот  Авантура  за само 60 денари  имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.

 

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!



ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !