Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05; 106/08; 161/08; 114/09; 130/09; 149/09; 50/2010; 52/10; 124/10; 47/11; 11/12; 39/12; 13/13; 25/13; 170/13; 187/13; 113/14; 20/15; 33/15; 72/15; 129/15 и 27/2016), Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државната лотарија на Македонија, објавува

 

 

ЈАВЕН  ОГЛАС

за прием на работници  на неопределено време

 

Државната лотарија на Македонија има потреба од вработување на работници на неопределено време, за следниве работни места:

 

1. „Самостоен соработник за продажба“ во Секторот за комерција и продажба,
     1 (еден) извршител, со следниве услови:

- Економски факултет или факултет од областа на општествените науки –   
  завршен
VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС

- Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство

- Познавање на англиски или друг светски јазик

- Познавање на MS office апликации и користење на интернет

- Неделното работно време е од понеделник до петок со  8 (осум)  работни часа
  (од 8 часот до 16 часот)
  и

- Основна плата: 37.702,00 денари.

 

2 „Соработник за промотивни активности“ во Секторот за  комуникациска стратегија и   
          маркетинг, 1 (еден) извршител, со следниве услови:

     - Факултет од областа на општествените науки завршен VII/1 степен или стекнати
        најмалку 240 кредити според ЕКТС

      - Работно искуство: без работно искуство

      - Познавање на англиски или друг светски јазик                  

      - Познавање на MS office апликации и користење на интернет

- Неделното работно време е од понеделник до петок со  8 (осум)  работни часа
  (од 8 часот до 16 часот)
  и

- Основна плата: 34.475,00 денари.

 

3. „Соработник за финансии“ во Секторот за  финансии и книговодство, 1 (еден)

    извршител, со следниве услови:

- Економски факултет – завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити

  според ЕКТС

- Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство

- Познавање на англиски или друг светски јазик

          - Познавање на MS office апликации и користење на интернет

- Неделното работно време е од понеделник до петок со  8 (осум)  работни часа
 (од 8 часот до 16 часот)
  и

- Основна плата: 34.475,00 денари.

 

        4. „Соработник за продажба“ во Секторот за комерција и продажба, 1 (еден)

             извршител, со следниве услови:

      -  Средна стручна подготовка – IV степен

      -  Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство

      -  Познавање на MS office апликации и користење на интернет

-  Неделното работно време е од понеделник до петок со  8 (осум)  работни часа
   (од 8 часот до 16 часот)
  и

-  Основна плата: 25.876,00 денари.

 

 

       Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена.

 

Работодавачот ќе изврши избор во рок од 7 (седум) работни дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.

 

      Кандидатите за горенаведеното работно место покрај пријавата со кратка биографија треба да достават и докази за исполнување на горенаведените услови и тоа:

 

-        диплома или уверение за завршена стручна подготовка

-        потврда за работно искуство со бараната стручна подготовка

-        уверение за државјанство.

 

            Доказите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.

 

            Ненавремената, неуредната и некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување.

 

 

           Пријавите со потребната документација кандидатите да ги достават до Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост, Државна лотарија на Македонија, ул. Гоце Делчев бр.8, Поштенски Фах 506,
1000 Скопје.

 

      Јавниот оглас е објавен на 15.12.2017 година во дневниот весник „Нова Македонија“ на македонски јазик и во дневниот весник  „Лајм“ на албански јазик.