Двајца млади Скопјани кои сакаа да останат анонимни по прошетката низ Скопје Сити Мол, го забележале продажното место на Државна лотарија на Македонија и решиле да си ја пробаат среќата. Бидејќи на Бадник, девојката ја пронашла паричката , решиле таа да купи два инстант лоза , и да си ја проба среќата. Лозовите ги гребеле заедно, но лозот на девојката бил недобитен , а лозот на момчето им донел 300 000 денари. Среќата и добивката им ја донел симболот (прстен) кој им отворил поле за добивка вредно 300.000 денари. Двајцата млади и онака веќе планирале патување во Тајланд, беа пресреќни бидејќи и парите од добивката ќе им послужат за  покомотно и повозбудливо  патување. Инаку момчето е редовен играч и постојано гребе по некој лоз, а девојката за разлика од него само понекогаш знае да купи по некој лоз. Овој пат ДИЈАМАНТ-от им се посреќи и им ја донесе најголемата добивка од овој инстант лоз.


Инаку,инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата  од 18.10.2017 година и веќе донесе  многу возбудливи, добитни и интересни приказни.


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !