. Автомобилот KIA SPORTAGE од оваа серија е изгребан на продажното место МОНТЕ –МК во Гевгелија, место во кое досега се изгребани неколку поголеми добивки од инстант лозовите на Државна лотарија на Македонија. И овој пат добивката , автомобилот отиде во рацете на редовни играчи од Гевгелија. Семејството Мешкови се постојани играчи на игрите на среќа и до сега  се добитници на неколку пониски добивки . Овој пат во гевгелија клупиле два лоза , од кои едниот имал замена па се вратиле по уште еден лоз АВАНТУРА, кој им го донел автомобилот. Вчера (30.01.2018) им беа врачени клучевите од автомобилот, а тие беа пресреќни , весели и насмеани, и им порачаа на сите играчи на игрите на среќа да не губат надеж и да трагаат по својот добитен инстант лоз.  Среќата и насмевката на лицата на добитниците, ја оправдува мисијата и визијата на постоењето на Државна лотарија на Македонија. 


 

 

Инаку Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз кој покрај главната премија КИА Спортаж нуди и повеќе парични добивки од 50.000,10.000 денари и многу други помали парични добивки.Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage.

 

Не пропуштајте ја шансата за добивка.Впуштете се во 'Авантура' и изгребете Kia Sportage.

 

 

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

 

ЗА ДОБРО !