Најпрво , Дијамант вреден 300 000 денари е изгребан во Кавадарци. Семејство од Кавадарци кои сакаа да останат анонимни, а инаку се огромни љубители на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија како на  НовоЛото 7/34 така и на лозовите, меѓу кои пак омилен им е новиот експрес лоз Хороскоп. Сепак среќата одлучила да им се насмевне токму на лозот Дијамант со вредна парична добивка од 300 000 денари.  При фамилијарна прошетка низ центарот на градот одлучиле да си ја испробаат среќата, па купиле неколку лоза од сите видови и при гребење на лозот Дијамант, приметиле прстен  вреден 300 000 денари. Тие досега веќе имаат и некој по ситни добивки но овој пат Дијамaнт-от им се посреќи и им ја донесе најголемата добивка од овој лоз. Ова среќно семејство им порачува на сите да си ја испробаат среќата и да веруваат во неа.

Следната добивка, овој пат од 150 000 денари донесе повторно инстант лозот Дијамант. Двајца сопружници од Куманово М.М. и Ј.М. по прошетката и викенд шопинг низ Скопје Сити Мол, го забележале продажното место на Државна лотарија на Македонија и како верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија одлучиле да си ја пробаат среќата и на ова среќно место. Сопругата која гребе лозови уште од помлади години и е верен играч на лото, веќе зад себе има неколку помали добивки, всушност била главниот иницијатор. Па така тие купиле два лоза еден од новата едиција на лозот Авантура 2 и уште еден од едицијата лозови Дијамант. При заедничко гребење на лозовите на пултот на самото среќно место на Државна лотарија на Македонија во Сити Мол тие ја забележале добивката од 150 000 денари кај лозот Дијамант.
Среќата и добивката им ја донеле еден симбол на дијамант од 50 000 денри пет симболи на прстен со по 10 000 денари ја обележале оваа парична добивка од 150 000 денари.

Дијамант-от не застана тука . Следната добивка од 300 000 денари е во Прилеп. М.К.А. од Прилеп редовно гребе инстант лозови и ги игра своите среќни броеви во НовоЛото 7/34. Овој пат најпрво купла 4 инстант лозови на кои имала добивки за замена. Откако ги заменила  за инстант лозови Дијамант, последното од 10-те полиња, под емулзијата криело прстен  вреден 300.000 денари . И таа ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија и во замена за својот добитен инстант лоз своето конто го зголеми за 300 000 денари.

Инаку,инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата  од 18.10.2017 година и веќе донесе  многу возбудливи, добитни и интересни приказни.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО!