Така тие при прошетка низ центарот на Штип се одлучиле за првпат да си ја испробаат среќата, па купиле 2 лоза Дијамант од продажното место Авангард во Штип. Првата гребка која ја изгребал синот била недобитна но на втората која ја гребел таткото се појавил прстен со добивка од 300 000 денари. Тие низ пријатен разговор и шега кажуваат дека "Не е лошо ко за прв пат" и порачуваат дека одсега па натаму ќе бидат едни од најверните играчи на игрите кои ги приредува Државна лотарија на Македонија како инстант лозовите така и НовоЛото 7/34. Добитникот заедно со својот син ќе продолжат активно да гребат за автомобил, тоа им е голема желба, а оваа радосна вест веќе ја имаат споделено со сите блиски и пријатели.


Семејството на добитници на Државна лотарија на Македонија постојано се зголемува. Оваа приказна е само уште еден доказ дека никогаш не е е доцна да се почне да се верува во сопствената среќа и секако кој игра тој и добива!

Инаку,инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е член на семејството на инстант лотаријата од 18.10.2017 година и веќе донесе многу возбудливи, добитни и интересни приказни.


ЗА ДОБРО !

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА