Со инстант лозот – ПАРКиРАЈ Хибрид! кој нуди 10 автомобили Тојота Аурис Хибрид Државна лотарија на Македонија ја отвора првата страница на својата ЕКО мисија. Стратегијата на компанијата видливо се менува во правец на следење на свежи светски трендови, брз и ефикасен одговор на се повисоките критериуми на играчите, со фокус на заштита на човекова средина. Атрактивните автомобили се обезбедени во соработка со Тојота Авто Центар, овластен дистрибутер за Македонија на водечкиот светски производител Тојота, предводник на темата ХИБРИДНИНА.

Инстант лозот – ПАРКиРАЈ Хибрид! е новиот предизвик за досегашните и нови играчи на инстант лотарија на кои им се нуди единствена можност за 60 денари да добијат автомобил Тојота Аурис Хибрид со кој ќе си го подобрат квалитетот на живеењето и нема да ја загадуваат животната средина. Кованицата од зборовите - ПАРК и РАЈ, ја содржи ЕКО пораката која ја потврдува насоката на Државна лотарија на Македонија за чиста животна средина. 

 

Инстант лозот - ПАРКиРАЈ Хибрид! кој од денес се пласира во над 200 среќни места ширум Македонија нуди вкупен фонд на добивки од 37.720.000 денари. Од вкупниот број на играчи, десет кои во полето за гребење ќе откријат три исти симболи на автомобил, ќе паркираат Тојота Аурис Хибрид во својата гаража, или на паркингот пред својот дом.  Покрај автомобилите, лозот нуди и парични добивки од 60, е до 50.000 и 100.000 денари, што ветува богата разновидна понуда, која веруваме дека ќе го плени вниманието и на сите кои до сега не купиле, или добиле инстант лоз.

Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија на Македонија, да го побарате новиот лоз ПАРКиРАЈ Хибрид! кој може да ви донесе еден од 10те автомобили Тојота Аурис Хибрид.

 Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот ПАРКиРАЈ Хибрид! со кој може покрај возбуда и забава, да подарите автомобил или вредна парична добивка. Инстант лозот,  може да е вашиот перфектен подарок.