И овој пат добивката , автомобилот отиде во рацете на редовни играчи. Дарко Рујаноски и неговата сопруга Наташа секојдневно гребат по некој инстант лоз заедно со своите деца. Овој пат нивната ќерка инсистирала тоа да биде лозот АВАНТУРА. Па така купил два инстант лоза АВАНТУРА, од кои едниот бил недобитен а едниот имал добивка од 60 денари, која ја искористиле како замена, па земале трет инстант лоз АВАНТУРА. Кога ги изгребале трите симболи кои им носат автомобил КИА СПОРТАЖ, најпрво не им се верувало , па затоа неколкукратно ја проверувале својата добивка и во ГОГИ , а потоа и во просториите на Државна лотарија на Македонија. Денес, 21.03.2018 година, заедно се дружевме во продажното место ГОГИ во Драчево, и тие ги добија клучевите од својот нов автомобил. 




Инаку , Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки . Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во Авантура и изгребете Kia Sportage!


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !