Автомобилот   е изгребан на продажното место  АНАФИЛ во Кочани, кое е  долгогодишен соработник на Државна лотарија на Македонија, и едно од најсреќните места во РМ. Уште во првата серија на инстант лозот АВАНТУРА имавме добитници кои својот автомобил го изгребаа и добија пред АНАФИЛ во Кочани . Разликата е што овој пат добивката отиде кај повремени играчи на инстант лотаријата , кои и не верувале многу во својата среќа. Така семејството Деспотоски од Македонска Каменица, при една прошетка во Кочани решиле да си ја испробаат среќата. Купиле два инстант лоза, еден ДИЈАМАНТ и еден АВАНТУРА.  Дијамантот им донел 50 денари , а АВАНТУРАТА нов автомобил. Пресреќни и со нетрпение го очекуваа својот нов автомобил, кој денес им го врачи тимот на Државна лотарија на Македонија токму пред нивното среќно место АНАФИЛ, а тие со него заминаа во Македонска Каменица.  



Инаку , Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки .

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во Авантура и изгребете Kia Sportage!

 

        

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !