Никола, како редовен играч на инстант лотарија кој решил да добие автомобил, често купувал инстант лозови во среќните места во Штип, каде се запознал од близу со убавиот КИА СПОРТАЖ, што до неодамна беше паркиран пред продажното место Авангарда во Штип. Постојано добивал помали добивки кои ги заменувал за нови лозови, а Катерина редовно му забележувала на секој нов обид.

Во Сити Мол, на среќното место на Државна лотарија, Никола повторно сакал да се обиде, со најава дека овој обид е за Михаил, на што Катерина не се противела. Купиле неколку лозови и заминале дома без да ги изгребат на продажното место. Вечерта кога Никола ги гребел лозовите, Катерина сепак го опоменала дека не треба веќе да купува лозови, на што тој низ насмевка и одговорил дека изгребал КИА. Разбирлива била реакцијата на Катерина, која била сигурна дека се работи за шега, сепак бил 1ви април. Но набрзо се уверила и самата дека трите симболи во вид на автомобил, се далеку од шега. 

Денес, пред првомајските празници, за нив се организираше настан за доделување на возилото кое го добија како од шега. Топлиот априлски ден измами бројни посетители на Сити Мол кои присуствуваа на среќата на ова младо семејство. Возилото добиено на инстант лозот Авантура,  купен во чест на малиот Михаил, Никола и го подари на Катерина. Од сега таа веќе нема да му приговара во неговата верба во среќата. На доделувањето сите беа среќни, а малиот Михаил најнасмеан. Веројатно му се допаѓа што од денес ќе се вози во најновата шега на татко му.


Инстант лозот АВАНТУРА на пазарот покрај главната премија автомобил нуди и голем број парични добивки.

 

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’!

 

ЗА ДОБРО!