Денес, Маја и нејзиниот сопруг во просториите на Државна лотарија на Македонија ни донесоа лоз ЗЛАТНА РИПКА вреден 500 000 денари. Ни признаа дека не се редовни играчи на нашите игри на среќа, но откако го виделе нивниот пријател кој е првиот добитник на автомобилот TOYOTA AURIS HIBRID од ПАРКиРАЈ ХИБРИД, решиле да си ја пробаат среќата со ЗЛАТНАТА РИПКА. Купиле само еден лоз од среќното место „ Семафор“ во Охрид, но еден лоз бил доволен за да среќата им се насмее и 500 000 денари да се најдат во вистинските раце, во вистинско време. Се пофалија дека спремаат нов дом и добивката ќе им дојде одлично за припрема на истиот, а нивната порака е секој да си ја проба среќата, затоа што за се има прв пат.


Инаку инстант лозот Златна Рипка е во продажба во трета серија, и досега донесе многу интересни приказни со вредни парични добивки.

УЛОВИ МИЛИОН со ЗЛАТНА РИПКА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА


За Добро!