Тој, заедно со неговата сопруга, денес ги посети нашите простории и видно возбудени ни ја раскажаа нивната приказна со среќен крај. Имено, додека заминувале од Сити Mол, наеднаш Наим изчезнал во гужвите. Како што ни раскажа, цел ден го чешала левата рака но не кажал никому. Се упатил до среќното место на Државна лотарија на Македонија и побарал да си избере сам еден лоз ЗЛАТНА РИПКА. И воопшто не згрешил. Токму неговиот лоз му донел вредни 100 000 денари. Неговата сопруга се пофали дека сеуште е во еуфорија и не може да верува за разлика од нејзиниот сопруг кој, како што вели, е „ладен како шприцер“. Голем дел од парите ќе бидат за нивното 8 годишно синче кое сепак најмногу се израдувало на добивката.


Остануваат уште многу парични добивки од инстант лозот Златна Рипка, не чекајте пронајдете ја и вие вашата , или пак израдувајте некој од своите најблиски со инстант лотаријата Златна Рипка.