Александар Поп Зариев од денес ќе го вози и паркира свјот нов автомобил TOYOTA AURIS HIBRID низ улиците на Кочани. Александар е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и како што ни раскажа не поминува ден да не изгребе по некој инстант лоз. За него продажното место АНАФИЛ во Кочани се покажало како среќно , бидејќи во него го купил инстант лозот ПАРКиРАЈ Хибрид. Купениот лоз не го изгребал веднаш , туку дури кога пристигнал на работното место. Откако ги изгребал трите симболи од автомобил , се уште не можел да поверува дека ќе вози нов автомобил. Откако една од неговите колешки му честитала, тој  решил да го провери лозот во АНАФИЛ, каде му потврдиле дека е добитник на автомобил TOYOTA AURIS HIBRID.   Инаку, автомобилот воедно е и роденденски подарок за Александар, бидејќи кога го изгребал автомобилот всушност се подготвувал за прославата на својот роденден , кој бил ден потоа. Александар до сега возел постар автомобил и постојано размислувал да го замени со нов. Денес му се оствари роденденската желба, ги доби клучевите од својот нов автомобил  и  ги доби сите стручни инструкции од тимот на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР за управувањето со автомобилот, а водителката на НовоЛото 7/34 Марјана Станојковска му ги предаде клучевите. 


Александар , од Скопје со својот нов автомобил замина за Кочани, а уште 8 вакви автомобили TOYOTA AURIS HIBRID ги чекаат своите нови сопственици во инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД. Пронајдете го и вие вашиот среќен инстант лоз и не пропуштајте ја шансата да возите нов автомобил или пак да освоите некој парична добивка од инстант лотаријата ПАРКиРАЈ ХИБРИД.


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО!