Александар Георгиев од денес ќе го вози и паркира својот нов автомобил TOYOTA AURIS HIBRID низ улиците на Струмица. Александар е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и како што ни раскажа не поминува ден да не изгребе по еден инстант лоз. Постојано го купува токму овој инстант лоз ПАРКи РАЈ ХИБРИД, а најмногу заради атрактивната добивка, автомобилот Toyota Auris Hybrid, кој исклучително му се допаѓа. Својот добитен лоз го купил од продажното место Тото-Лото во Струмица, каде и вообичаено ги купува сите лозови.Тото – Лото за него се покажало како среќно место каде го пронашол и добитниот инстант лоз и својот нов автомобил. Неговата приказна во гребењето на овој инстант лоз завршила среќно, кога открил три идентични симболи на автомобил, кои му донеле автомобил TOYOTA AURIS HIBRID.


Денес тој ги доби сите стручни инструкции од тимот на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР во однос на автомобилот, а водителката на НовоЛото 7/34 Марјана Станојковска му ги предаде клучевите. Ни вети дека ќе продолжи да биде верен играч на игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија на Македонија, и им порача на сите играчи дека со среќата никогаш не се знае.


Александар, од Скопје со својот нов автомобил замина за Струмица, а уште 7 вакви автомобили TOYOTA AURIS HIBRID ги чекаат своите нови сопственици во инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД. Пронајдете го и вие вашиот среќен инстант лоз и не пропуштајте ја шансата да возите нов автомобил или пак да освоите некој парична добивка од инстант лотаријата ПАРКиРАЈ ХИБРИД.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО!