Денес просториите на Државна лотарија на Македонија ги посети наша редовна обожавателка на игрите на среќа Елизабета Филкова и не израдува со оваа прва а воедно и една од 10те најголеми добивка од по 200 000 денари на новиот инстант лоз ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ. Како што ни раскажа Елизабета редовно игра лото, а поретко гребе лозови, но овој пат сакала да си ја проба среќата на новиот инстант лоз поради атрактивниот и примамлив дизајн. Па така купила само еден лоз од продажното место МА-ДЕ-БЕ во Тетово и токму тој бил овој добитен лоз. Елизабета ни раскажа и дека неа среќата често ја изненадува односно до сега имала повеќе помали парични добивки и главната добивка скутер од лозот СМАЈЛИ. Таа ни кажа дека оваа добивка ќе биде наменета за убав и луксузен одмор и ни порача дека кој игра тој и добива!

Лозот ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ е наменет за сите оние кои до реализација на саканото патување ги дели само потребниот буџет. Затоа и ја носи пораката ИЗГРЕБИ ГО СВОЈОТ БУЏЕТ ЗА ПАТУВАЊЕ 

Инстант лозот ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ е со цена од 50 денари, а нуди бројни поголеми и помали парични добивки кои се освојуваат на забавен начин, со гребење симболи што асоцираат на патување. Симболите се наредени во три (хоризонтални) редови. Лозот е добитен доколку играчот во еден ред изгребе три исти симболи, што значи дека ја освојува паричната добивка впишана на крајот на редот.

Лозот нуди 10 добивки по 200.000 денари, 10 добивки по 100.000 денари, 10 добивки по 50.000 денари, 20 добивки по 30.000 денари и бројни помали добивки,



Интересно за играчите е и тоа што лозот нуди до три шанси за добивка. Играчите кои ќе го изберат лозот ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ, на еден лоз може да откријат и до три редови со по три исти симболи, при што ги освојуваат поединечните суми напишани на крајот на секој ред.

Веруваме дека во тек на пласман на оваа игра на среќа ќе добиваме бројни фотографии од различни дестинации каде среќните добитници одлучиле да патуваат и уживаат со буџетот освоен од инстант лозот ПАТУВАЈ И УЖИВАЈ.


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !