На инстант лозот Патувај и уживај, откриена е уште една добивка во Битола од 200.000 денари, овој пат во среќното место Дарија Тим. 

З.Т. од Битола е најновиот член на семејството среќни добитници. Атрактивниот инстант лозот Патувај и уживај на овој наш редовен играч му донесе една од премиите кои ги крие во своите полиња за гребење. З.Т. ги посети нашите простории за исплата на добивката и сподели со нас дека често купува инстант лозови, но ова до сега му е најголемата добивка. Со парите од неговата добивка, прво ќе ги почести другарите, а потоа ќе избере дестинација која до сега не ја посетил, а за која од добивката на инстант лозот Патувај и уживај, ќе има доволен буџет за патување и уживање. „Од сега”, вели, „и моите дугари редовно ќе играат. Ова е навистина големо изненадување. Обично купуваме инстант лозови колку да си ја  пробаме среќата, повеќе од забава, но ова е навистина одлично. Да излезеш во град, купиш лоз за 50 денари и добиеш 200.000 денари“.


Инстант лозтот Патувај и Уживај е посветен на сите кои сакаат да патуваат а немаат планиран буџет. Овој лоз израдува бројни играчи, но до сега, по бројот на среќни добитници предничи Битола.

Лозот крие уште голем број премии од по 200.000 денари и бројни други парични добивки од 100.000 до 50 денари. Откривањето на добивките е забавно, со откривање на по три исти симболи во ред. По забавата со откривање на добивките оние кои ќе откријат три исти симболи што носат поголема парична добивка, им останува уште да го испланираат своето патување и да размислат кого ќе земат со себе. Ние се надеваме дека некој од нашите добитници кои од освоената добивка патувал и уживал, ќе се сети, до нас да прати неколку фотографии. Во меѓувраме очекуваме нови добитници со нови интересни приказни.

ЗА ДОБРО!