Скопје, 06.09.2018. Кој игра, тој добива - е мото што секојдевно го потврдуваат наши играчи кои во Државна лотарија на Македонија, по исплата на својата добивка, доаѓаат од различни  краишта на нашата земја.


Утрово по трет пат се сретнавме со Ѓорѓи Пешов од Виница. Неговото среќно место е Ви Вардар во Виница, каде пред неколку години, редовното учество во играта на среќа Лото и играта Џокер, џокер бројот му донел добивка за 4 погодоци. На истото среќно место во Виница, пред 2 месеца, нашиот играч, избирајќи го својот хороскопски знак риба, на експрес лозот Хороскоп открил 15.000 денари. Инспириран од неговиот хороскопски знак, тој редовно учествува во инстант лотаријата Златна рипка, а токму таа редовна игра, покрај бројни помали добивки, денес му донесе 100.000

Горѓи Пешов е пример за редовен играч кој верува во среќата и како што ни соопшти, ќе продолжи да ги игра своите 7 среќни броеви, но и да учествува во сите видови инстант лотарија. Нашиот среќен добитник од Виница, претпочита интересен начин за дознавање на добивката и ја сака забавата што ја нудат инстант лозовите СЕФ и Златна треска, како и Златна рипка, што се покажа дека му ја возврати вербата во добивка. Вели дека ќе продолжи да ги игра игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и ни навести наредна средба, затоа што верува дека ќе улови златна рипка со премија од 1.000.000 денари.

 

Инстант лозот Златна рипка, е еден од најбараните лозови кога станува збор за подарок. Него го купуваат се поголем број лица кои се повремени играчи, или и воопшто и не се играчи, но го избираат овој лоз заради неговиот атрактивен изглед и можностите за парични добивки, со цел да го подарат за свадба или за друг убав повод.

На среќните места ширум Македонија за секој кој ќе купи инстант лозови за подарок во вредност од над 300 денари, бесплатно добива луксузен коверт на кој може да ја напише и својата порака со честитки, во зависност од поводот на дарување.

Со купување инстант лозови за подарок, на оние на кои им дарувате им давате дополнителна возбуда, забава и можност за добивка.

При купувањето инстант лозови за подарок, не заборавајте да побарате коверт/честитка за да го комплетирате убавото доживување. Голем број младенци и други роденденски славеници до сега подигнаа парични средства и возила како дополнителни вредни дарови, само од подарени инстант лозови.

Кога пожелувате среќа, подарете можност за среќа плус.


Добиваат играчите, но добиваат и лицата на кои им пожелувате среќа со подарување инстант лозови што носат вредни парични добивки и возила.
Среќните приказни на едните и другите, со задоволство ги споделуваме, на нашата веб страна и нашите социјални медиуми. Среќата е поголема кога е споделена.


ЗА ДОБРО!