Кога гостите на свадба ќе ти донесат СРЕЌА ПЛУС, новиот живот во двајца може да го поченеш со нов автомобил како потврда за квалитетен почеток на заедничката среќна приказна

 Брачниот пар Пеце и Мирјана Петковски од Битола во јуни ја прославиле својата венчавка како чин на почеток на заедничката долговечна среќна приказна. Тие на својата свадбена покана не навеле дека очекуваат да добијат инстант лозови, но при отворање на даровите, откриле дека дел од гостите им донеле различни видови лозови од богатата палета на Државна лотарија на Македонија. Поголем број лозови носеле помали суми на добивки, па решиле да ги заменат за нови, но по завршувањето на летните одмори. Задачата за замена на лозовите ја земал Пеце, како глава на новото семејство.
За свое среќно место го избрал до сега најпознатото место по добивки од игрите на среќа - Вагобонд, на Широк сокак. Атрактивноста на возилото
TOYOTA AURIS HYBRID го поттикнала замената на вкупната добиена сума да ја направи за лозови ПАРКиРАЈ ХИБРИД!  Пеце ја земал на себе и задачата за гребење на лозовите, па самиот ги открил трите симболи за добивка автомобил. Среќен и возбуден, прво и соопштил на сопругата, па на сите од семејството и секако на пријателите. 

Среќната вест брзо се расширила низ семејството, пријателите, градот...

Не среќаваат на Широк сокак и ни велат - Честито свадба и честито кола!
  Не се изненадивме што добивме грепки на свадбата, бидејќи кај нас во Битола тоа е обичај од пред две-три години, не ќе се изненадевме и да добиевме парична добивка на толку грепки, но  големото изненадување е што добивме една од 10те премии. И ние кога одиме на свадба редовно носиме грепки. Некои си пишуваат на поканите а некои не, но гостите на свадба веќе ретко да не ставаат и лозови со подарокот. Убаво е на младенците да им дадеш шанса за плус добивка. Ете може да се случи како кај нас, да си добијат кола. По нашиот пример им препорачуваме на сите кога одат на свадба да не тргаат без грепки. 

Пеце и Мирјана денес во салонот на Тојота во Скопје, ги добија клучевите од својот нов автомобил добиен на лозови од свадба. Не се сомневаме дека ќе ги следи среќа и во нивниот понатамошен живот. Ова е веќе трето возило кое го добиваат младенци на свадба, од подарени инстант лозови од различни игри на среќа. 

Инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД, крие уште три возила TOYOTA AURIS HYBRID и бројни парични добивки. Подарете си можност да го возите овој прекрасен еко автомобил, или подарете ја можноста за среќа плус на свои блиски. Сезоната на свадби е уште во полн ек.

Ние планираме втора средба со Пеце и Мирјана, во Битола, токму пред среќното место Вагабонд на преубавиот Широк Сокак, при првата следна можност, за што дополнително ќе известиме.

ЗА ДОБРО!