Инстант лозот СЕФ на Државна лотарија на Македонија во својата втора серија во продажба е неполни три месеци, а првата премија вредна 600 000 денари веќе замина во Неготино.

Денес, 02.10.2018 година просториите на Државна лотарија ги посети првиот добитник на 600 000 денари. Лазов Никола од Неготино кој работи како возач, својата потрага по среќата и добивките секојдневно ја практикува од место во место, од град во град, па така секој ден купува најразлични инстант лозови од најразлични продажни места. Овој пат среќата му се насмеала во неговото родно Неготино, каде во продажното место БРАВО НУТС купил најпрво 10, па потоа уште 5, па уште 4 лоза СЕФ. Иако најпрво немал поголеми добивки, бил решен да ја следи својата интуиција и упорно гребел се додека не ја открил и вистинската шифра на СЕФ-от. Пронаоѓањето на шифрата на СЕФ-от и отворањето му ја донеле најголемата добивка од овој инстант лоз, 600 000 денари. Моментално нема планови за тоа како ќе ги потроши средствата, бидејќи како што  ни рече се уште не е свесен за добивката . Никола им порача на сите играчи на инстант лотаријата да не се откажуваат во потрагата по добивките , бидејќи денес неговата упорност му се исплати, иако до сега имал само помали добивки од кои највредната била 1500  денари.


Инаку инстант лотаријата СЕФ за само 40 денари може да ве донесе до добивки вредни     600 000 денари ,100 000денари или пак 50 000 денари.


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !