На 15.07.2019 Државна лотарија го пласираше најновиот инстант лоз Еко скутер кој нуди 365 електрични тротинети и други парични награди. Расположеното семејство Здравеви од Велес денес ги посетија просториите на Државна лотарија каде што им го доделивме прекрасниот еко скутер. За себе ни раскажаа дека се љубители на инстант лотаријата и дека секојдневно купуваат барем по неколку лоза. Во понеделникот, на самиот старт на продажбата на овој лоз, Марија купила само еден инстант Еко скутер од среќното место „Јосе тобако“ во Велес каде што изгребала 3 исти полиња во знакот на електричен тротинет. Марија и нејзиниот сопруг еко скутерот го подарија на нивните две деца кои најмногу му се израдувале.

Ве потсетуваме дека инстант лозот Еко скутер носи 365 премии за забава, здрав живот и чиста животна средина. Покрај електричните тротинети, инстант лозот Еко скутер нуди и примамливи парични добивки. Дознавањето на добивката е едноставно, изгребете три исти суми за парична добивка, или три симболи на електричен тротинет. Лозот чини 60 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и чистата животна средина.