Станишев Пене од Велес е добитник на 600 000 денари од инстант лозот СЕФ. Тој ја пронашол добитната шифра 512 и го отворил СЕФ-от, каде пак го чекала добивка вредна 600.000 денари. Инаку тој и неговата сопруга од време на време при прошетките во Велес знаат да изгребат по некој инстант лоз. Овој пат купил два лоза, еден СО СРЕЌА и еден СЕФ од продажното место ЛОТО 77 во Велес. СЕФот бил посреќен за нив и им донел 600 000 денари. Инаку, во изминатите 10ина дена Пене постојано имал чувство дека среќата ќе му се насмее, бидејќи постојано гребел добитни лозови со помали добивки, а на ЛОТО 7 две кола по ред имал добивка со 4 погодоци. Денес семејно не посетија во просториите на Државна Лотарија од каде заминаа побогати за 600 000 денари.