Игор дојде во нашите простории да му ја потврдиме и исплатиме добивката, а воедно ни ја раскажа и својата среќна приказна. Иако не купува често инстанти, овојпат купил 3 лоза Дијамант од среќното продажно место ТОП Тобако во центарот на Охрид. Игор ни се пофали дека неодамна добил внука, па добивката ќе му послужи за подароци за малечкото.


За добро!