Семејството на добитници од најновиот инстант ЕКО СКУТЕР на Државна лотарија постојано се зголемува. Дел од добитниците кои веќе го возат својот електричен тротинет се Андријана и семејството Здравеви од Велес, Марија и Фросина од Куманово, Душан, Дарко и Билјана од Скопје, Тони од Струмица, Соња од Гевгелија. Mу ја исполнивме желбата на Даријан од Виница, а и на Влатко од Кичево.

Покрај електричните тротинети, инстант лозот ЕКО СКУТЕР нуди и примамливи парични добивки.  Дознавањето на добивката е едноставно, изгребете три исти суми за парична добивка, или три симболи на електричен тротинет. Лозот чини 60 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и чистата животна средина.

Во дух на зачувување на животната средина и здравиот начин на живеење, Државна лотарија ја збогати својата понуда со инстант лоз кој носи 365 електрични тротинети. Колку што има денови во годината, толку има еко скутери на лозот ЕКО СКУТЕР.