Диме Атанасков од Кавадарци го пронајде својот среќен дијамант од 300 000 денари. 
Диме денес не посети во нашите простории каде што му ја исплативме добивката, а за возврат ни ја раскажа неговата среќна приказна.
Имено, Диме често купува грепки, а овојпат купил само една која му ја донела главната добивка од 300 000 денари.
Среќниот лоз е купен од продажното место Сигма Т во Кавадарци.


Инстант лозот Дијамант е еден од омилените лозови на играчите, а воедно и на сите кои избираат да подарат пакет СРЕЌА ПЛУС за свадба или друга прослава.