Новости

Понувајќи од денес, понеделник, 30.0913 во 17 часот на Канал 5 телевизија, Државна лотарија на Македонија, започнува една убава акција со која повторно се обидува да се ги забавува своите играчи. Имено во секое издание СРЕЌНИ КОЦКИ на водителот Драган Вучиќ, гледачите кои учествуваат во ова телевизиско шоу, ќе имаат прилика да освојат и убав пакет со Инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија.
По рекордната премија 6+1 која ја имавме неодамна, во 66то коло, 73коло на Новолото 7/34 донесе уште еден добитник на оваа примамлива добивка. Станува збор за наш играч од Струмица кој уплатата за 73то коло ја направил во продажното место „Ваткос“ во Струмица. Среќното место со знакот на Детелинката, на пензионерот кој сака да го сочува својот идентитет, се покажало како навистина такво, носејќи му ја оваа убава премија вредна 229.116,00 денари.
Расте бројот на добитници во најпопуларната Инстант лотарија во моментов, 7ма Брзина. По првите добитници на премијата Голф7 и 100 илјади денари, Државна лотарија на Македонија со задоволство ви открива дека го имаме и првиот добитник на премијата 50 илјади денари од оваа игра на среќа. Маринковски Мирослав од Тетово е најновиот среќен играч со добивка.
Промотивниот караван на Државна лотарија на Македонија не застанува. По веќе традиционалното дружење со нашите играчи на Пиволенд, нашата дружина ја обиколува Македонија. Бројните помали парични добивки повторно ве радуваат, надополнети со бројните подароци за верните играчи.
Емилијано Горица од денес ќе може да си го вози својот автомобил Голф 7, премијата освоена во нашата најнова игра на среќа 7ма Брзина. Денес точно напладне, пред новиот театар во центарот на Скопје, маркетинг директорката на Државна лотарија на Македонија, Камелија Левенска Николовска му ги додели клучевите на нашиот најнов среќен добитник.