Инстант лотарија

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома. 

Државна лотарија на Македонија постојано ја збогатува понудата на инстант лозови.  

Хороскоп, Подарок, Среќни коцки, 7-ма брзина, Детелинка, Твингоманија, Смајли, Среќни тркала 2 и Среќни тркала 3 се достапни во сите продажни места.

Со инстант лотаријата добивате крупна шанса за ситни пари - освојте го автомобилот од вашите соништа или парична добивка која се наоѓа во секој трет лоз.  Од сумата на секој купен инстант лоз на Државна лотарија на Македонија се одвојува процент наменет за општествени добра.

Среќни тркала:

Емисија: 1.000.000 лозови
Емисиона вредност: 30.000.000 денари
Цена на лоз: 30 денари
Фонд на добивки 60%: 18.000.000 денари

Главна добивка:Golf 6 TDI Trendline

 Среќните тркала на Голф 6 ТДИ веќе се возат низ улиците на Битола и Тетово, но остануваат уште многу парични добивки.

Првата премија - Голф 6 ТДИ замина во Битола

Првата премија - Голф 6 ТДИ замина во Битола

Вториот Голф 6 ТДИ го освои Ивона Васовска од Тетово
Втората премија на инстант лотаријата Среќни тркала ја освои Ивона Васовска од Тетово

Среќни тркала

„Среќни тркала“ е првиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија, секој трет е добитен. Изгреби четири Среќни тркала и новиот Golf 6 TDI ќе биде твој, или пак откриј три исти суми и веднаш подигни ја паричната добивка. Ова е навистина крупна шанса за ситни пари!

Број на добивки Вредност на добивка
2 автомобила* x 1.100.000 денари
5 x 100.000 денари
6 x 50.000 денари
20 x 10.000 денари
60 x 5.000 денари
200 x 2.000 денари
600 x 1.000 денари
2.000 x 500 денари
10.000 x 100 денари
50.000 x 50 денари
300.000 x 30 денари
Вкупно 362.893

* 2 X GOLF 6 TDI Trendline со опрема Starline со сите платени давачки

Добивките до 6.000 денари ги исплаќаат продавачите на продажните места, а добивките над тој износ ги исплаќа Приредувачот. Правото за наплата на добивките застарува во рок од 60 дена по продажба на серијата.
Лозот е неважечки ако делумно или во целина се оштетени броевите, симболите и обележјата под другите полиња прекриени со емулзија, каде е наведено НЕ ГРЕБИ!

Правила на играта „Среќни тркала“

Одлука за прекинување на продажба на инстант лозовите на играта на среќа инстант лотарија „Среќни тркала“