Тото Плус

 

Тото плус е игра на среќа во која ги прогнозирате резултатите (победа, пораз, нерешено) на 12 од предложени до 20 натпревари од најквалитетните европски лиги.
Добитната комбинација се утврдува врз основа на резултатите од регуларно завршени натпревари на натпреварувачките двојки во одредено коло.

Како се игра Тото Плус?

ТОТО плус ви нуди до 20 натпревари од најквалитетните европски лиги - изберете 12!

Понудата за секое коло побарајте ја на Вашето уплатно место и во дневниот весник „Македонски спорт“. Со ТОТО плус Државна лотарија на Македонија ја обновува традицијата на спортското прогнозирање, по Ваше барање!

Вие го креирате фондот на добивките. Колку повеќе учесници - толку поголеми добивки!

Само со ТОТО плус - првпат на едно помошно ливче може да се играат единечни и полни системи.


РЕЗУЛТАТИ од турнирот во мал фудбал во Спортскиот центар Форца од 03.12.2011 год.


Тото Плус

Почитувани играчи на Спортската Прогноза ТОТО плус

Државна лотарија на Македонија Ве известува дека времено престанува да ја приредува играта на среќа СПОРТСКА ПРОГНОЗА со 12 натпреварувачки двојки (ТОТО плус).

Имено, Играта на среќа Спортска Прогноза со 12 натпреварувачки двојки (ТОТО плус) – редовни кола ќе се приредува заклучно со 19-то редовно коло, кое ќе се одржи на 13.05.2012 година, од причина што натпреварите од најквалитетните европски лиги и купови, кои ја сочинуваат понудата при изборот на двојките во играта Спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (ТОТО плус) ја завршуваат натпреварувачката сезона.

Државна лотарија на Македонија повторно ќе ја приредува играта на среќа Спортска Прогноза со 12 натпреварувачки двојки (ТОТО плус), кога ќе започне новата 2012/2013 натпреварувачка сезона од најквалитетните европски лиги и купови.

За повторното приредување на играта на среќа ТОТО плус навремено ќе бидете известени.


Правила на играта Тото Плус

Правила за играта на среќа Спортска прогноза (Тото плус)pdf

Одлука за гарантиран џек-пот за спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (Тото Плус)pdf

Одлука за отпочнување на вонредно коло и гарантиран џек-пот за спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (Тото Плус)pdf

Одлука за времено прекинување со приредување на вонредните кола на игрта на среќа Спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (Тото Плус)pdf

Одлука за времено прекинување со приредување на редовните кола на игрта на среќа Спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (Тото Плус)pdf

Одлука за изменување на правилата за игрта на среќа Спортска прогноза со 12 натпреварувачки двојки (Тото Плус) од 13.04.2012 pdf

 

Тото плус

октомври 28, 2011
0    836