Наградна игра - Три за Среќа

Од 09. април 2011 започна првата наградна игра на Државна лотарија на Македонија.

press

Со наградната игра ТРИ ЗА СРЕЌА им се дава втора шанса на недобитните инстант лозови од сериите: СРЕЌНИ ТРКАЛА, ЅВЕЗДЕН ПАТ И КАЛИНКА.

Правила на наградната игра „Три за Среќа“pdf

Извлекувања:

16-04-2011
23-04-2011
30-04-2011
07-05-2011
14-05-2011
21-05-2011
28-05-2011
04-06-2011
11-06-2011
18-06-2011
Добитници од извлекувањето одржано на 18.06.2011

Добитник на ваучер од 6.000 денари: Тања Георгиевска, Скопје

 

Добитник на ваучер од 5.000 денари: Илвана Дојранлиева, Гевгелија

Добитник на ваучер од 5.000 денари: Климе Стаматовски, Неготино

Добитник на ваучер од 2.000 денари: Катерина Тодоровска, Прилеп

Добитник на ваучер од 6.000 денари: Филип Цветковски, Прилеп

НАГРАДНА ИГРА - ТРИ ЗА СРЕЌА


 

 

Правилата за учество се едноставни: учесниците треба по еден недобитен лоз Среќни тркала, Ѕвезден пат и Калинка да стават во коверт и да ги  достават во најблиското продажно место на Државна лотарија на Македонија, или ковертот да го испратат на адреса – Кеј Димитар Влахов, бб, со назнака – За наградна игра – ТРИ ЗА СРЕЌА. Потребно е учесникот пред да ги спакува лозовите истите да ги потпише со своето презиме на белините во полињата за гребење и во ковертот да стави посебен лист со наведени лични податоци – име, презиме, адреса и телефон.  

Наградната игра трае до 18ти Јуни и ќе има десет извлекувања и тоа од 16ти април заклучно со 18ти јуни. Во секое наредно извлекување учествуваат сите до тогаш неизвлечени коверти. Извлекувањата ќе се одвиваат во живо во рамки на емисијата Гала Бинго, во сабота, од 20:00 часот, на Канал 5 телевизија.

Спонзори на наградите се: АМЦ КОМЈУТЕРИ, КОСМО ДРОГЕРИИ, ТОБАКО АД СКОПЈЕ, НИКОФОН и ХОТЕЛ БИСТРА кои доделуваат ваучери во вредност од 6.000.00 до 1.000.00 денари, што добитниците може да ги користат за избор производи или услуги од спонзорите, согласно своите потреби и желби.  Во секоја емисија ќе се извлекуваат вкупно 5 добитници. Ваучерите се подигаат во дирекцијата на Државна лотарија на Македонија, а добитникот треба да го искористи ваучерот во рок од 60 дена од извлекувањето.

Целта на оваа наградна игра низ која ќе бидат наградени 50 добитници, е да внесе разновидност, забава и дополнителна можност за добивка. 

Ова е прва во редот наградни игри на Државна лотарија на Македонија кои ќе се воведуваат во различни периоди поврзани со различни видови игри на среќа.

Инстант лозовите Среќни тркала, Ѕвезден пат и Калинка кои се низ продажната мрежа на Државна лотарија на Македонија, низ Републиката, кријат уште бројни парични добивки од кои најголеми се добивките од 500.000,00 на Ѕвезден пат и Калинка и 100.000,00 на инстант лозот Среќни тркала.

 

Добитници од претходните извлекувања за наградната игра Три за среќа