За наградната игра

Преку оваа наградна игра имаме можност да ги израдуваме не само играчите на игри на среќа, туку и сите граѓани кои ќе се вклучат во оваа акција на популаризација на барањето фискални сметки, бидејќи на овој начин сите учествуваме во сузбивањето на сивата економија.

Со оглед на бројноста и атрактивноста на наградите очекуваме навистина голем интерес и масовна поддршка на наградната игра Фискална во рака – добивка без мака.

Наградната игра „Фискална во рака – Награда без мака“ ќе се приредува во период од 01.12.2013 до 30.12.2014 година.

„Фискална во рака - награда без мака“

Во наградната игра имаат можност да учествуваат сите граѓани кои ќе соберат 20 фискални сметки издадени на територија на Република Македонија, кои носат најран датум 15.ноември. 2013та година. Со фискалните сметки од овој датум може да се учествува за цело времетраење на наградната игра. Фискалните сметки може да бидат издадени на било кој износ и за било каков вид производ или услуга.

Како се учествува во наградната игра

  1. Соберете 20 фискални сметки кои гласат на било кој износ
  2. На посебен лист напишете ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, АДРЕСА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОН
  3. Листот со личните податоци и собраните 20 фискални сметки ставете ги во БЕЛ КОВЕРТ СО СТАНДАРДНА ГОЛЕМИНА
  4. Ковертот адресирајте го и испратете на:
    ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
    БУЛ. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, БР 8
    1000, СКОПЈЕ
    ПОШТЕНСКИ ФАХ 363
    ЗА НАГРАДА ИГРА ФИСКАЛНА ВО РАКА - ДОБИВКА БЕЗ МАКА

НАПОМЕНИ:
НЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕДВИД КОВЕРТИ ВО БОЈА ИЛИ ДРУГА ГОЛЕМИНА ОСВЕН СТАНДАРДНАТА. НЕ СЕ ЗЕМААТ ПРЕДВИД КОВЕРТИ КОИ ИМААТ ПРОЅИРЕН ДЕЛ И НА КОИ ОСВЕН АДРЕСАТА НА ПРИРЕДУВАЧОТ ИМА И ДРУГИ НАПИШАНИ ПОДАТОЦИ.
Ковертот кој не содржи лист со лични податоци за учесникот во наградната игра не се зема во предвид.
На ковертот не треба да бидат испишани никакви други податоци освен адресата на приредувачот. Ковертите на кои се испишани други податоци освен адресата на приредувачот не се земаат предвид.
Ковертите треба да се бели во стандардна форма и да немаат проѕирни делови.

Често поставувани прашања

1. Од кој датум почнуваат да важат фискалните сметки за наградната игра?
Одговор: Во наградната игра може да се учествува со фискални сметки од 15.11.2013 , во сите извлекувања.
2. Кои коверти се сметаат за прифатливи, која е стандардната големина на коверт
со кој може да се учествува во наградната игра?
Одговор: Согласно правилата, ковертите треба да се бели во форма на правоаголник и да не бидат поголеми од следните димензии: 9 х 14 см , односно 12 х 23,5 см и да немаат проѕирни делови и да не се во друга боја освен бела.
3. Дали фискалните сметки мора да се од едно или од различни продажни места?
Одговор: Нема ограничување за тоа дали фискалните сметки се од едно или од различни продажни места.
4. Има ли минимум лимит на поединечна фискална сметка, или минимум лимит за сите 20 фискални сметки?
Одговор: Нема ограничување за сумата, нема минимум лимит на една или на сите 20 сметки.
5. Дали освен по пошта ковертите може да се оставаат на одредени пунктови и каде?
Одговор: Освен да се испратат по пошта на адресата на државна лотарија на Македонија, Бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363, засега ковертите можат да се остават во обележани кутии на следните локации во Скопје: во влезот на зградата на Македонската радио телевизија - на приземјето; во продажното место на Техномаркет во Сити Галери на Плоштад Македонија; пред продажното место Толлакс на улица Македонија (кон Плоштад Македонија) и во Сити Мол во продажното место на Државна лотарија на Македонија на приземје.
6. Дали важат фискални сметки од паркинг и игри на среќа?
Одговор: Фискалните сметки се без ограничување од каде и за каков вид на производ или услуга се издадени. Во наградната игра можете да учествувате и со сметки од паркинг, сметки од уплата на игри на среќа, сметки од купување на било каков производ или услуга.
7. Кој е крајниот датум за достава на коверти кои учествуваат во првото извлекување на 30ти декември?
Одговор: Во првото извлекување кое ќе се изврши на 30.12.2013 година учествуваат ковертите кои се пристигнати до приредувачот во периодот од 01.12.2013 година до 29.12.2013 година до 24:00 часот.
8. Дали ковертите кои учествуваат во првото извлекување, учествуваат и во понатамошните извлекувања?
Одговор: Ковертите кои учествуваат во првото извлекување кое ќе се изврши на 30.12.2013 година не учествуваат во понатамошните извлекувања. За повторно вклучување во играта потребно е испраќање на нов/и коверт/и.
9. Ако ковертот пристигне на 30ти 12, за кое извлекување ќе важи?
Одговор: Одговор: Ако ковертот пристигне на 30ти 12. не може да важи за првото извлекување. Ковертите кои ќе пристигнат од 30.12.2013 година, заклучно со 26.01.2014 година, учествуваат во второто извлекување, во кое ќе се извлекува еден автомобил, триесет (30) ваучери во вредност од 3000 до 60.000 денари и стоидваесет (120) ваучери од по 1.000 денари. Понатаму неизвлечените коверти од второ заклучно со шето извлекување ќе учествуваат во седмото извлекување за извлекување на наградите стан и деловен простор, а кое ќе се реализира на 30ти 06.2014година.
10. Дали може да се уважи коверт во сина или розова боја?
Одговор: Не, нема да бидат земени предвид коверти во било каква боја освен во бела боја, но со стандардна големина и без проѕирни делови.
11. Дали извлекувањата ќе може да се следат и на друга телевизија освен на МРТ?
Одговор: Не, Македонската Радио Телевизија како јавен сервис е директен соработник во реализацијата на наградната игра и извлекувањата ќе може да се следат исклучиво на МРТ 1 во понеделник, на соодветните датуми почнувајќи од 30.12.2013. Воедно на МРТ1 секој понеделник од 20:00 пред емисијата Време за среќа, можете да ги следите и специјалните ТВ емисии наменети за информирање за наградната игра и контакт со гледачи.
12. Дали може да се оставаат коверти на продажните места на Државна лотарија на Македонија?
Одговор: Не, лицата во продажната мрежа не се овластени да примаат коверти за наградната игра и истите не се обврзани да ги чуваат и испраќаат до Државна лотарија на Македонија и истото не е согласно правилата на наградната игра.
13. Дали има ограничување за возраста на учесниците во наградната игра?
Одговор: Во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ може да учествува секој, независно од возраста.
14.Како и каде добитниците може да ги подигнат своите вредносни ваучери од наградната игра?
Одговор: Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери треба ги подигнат од благајната на приредувачот. Ваучерите во вредност од 1.000 до 5.000 денари за добитниците од другите градови освен Скопје, ќе бидат доставени на адреса на добитникот со препорачана пошта, додека за подигање на ваучерите во вредност од над 5.000 денари добитниците треба да дојдат во благајната на Државна лотарија на Македонија (18ти кат при зградата на МРТ).
15. Како и каде се реализираат вредносните ваучери?
Одговор: По добивање на вредносните ваучери добитниците имаат можност согласно категоријата на производи, да се обратат на било кое продажно место на соработниците, наведени на самиот ваучер, каде во соодветната категорија на производи може да изберат еден или повеќе производи до соодветната вредност, со дополнително намалена вредност од малопродажната (наведен процент на попуст на ваучерот), со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот.
16. Дали сметките од платена патарина важат за наградната игра "Фискална во рака награда без мака"?
Одговор: Важат и сметките од платени патарини, кои се исто така фискални сметки издадени од наплатни станици.

Извлекувања
МРТ1 20:00 часот

  1. 30.12.2013
  2. 27.01.2014
  3. 24.02.2014
  4. 31.03.2014
  5. 28.04.2014
  6. 26.05.2014
  7. 30.06.2014
  8. 28.07.2014
  9. 25.08.2014
  10. 29.09.2014
  11. 27.10.2014
  12. 24.11.2014
  13. 29.12.2014

Извлекувањата ќе се вршат во тринаесет кола, а ќе се емитуваат во живо на МРТ1 од 20:00 часот.

Во секое од извлекувањата ќе учествуваат само ковертите испратени пред актуелното извлекување, кои ќе содржат фискални сметки со најран датум од 15. ноември 2013та. Во секое од извлекувањата учествуваат ковертите испратени во периодот меѓу две извлекувања. Неизвлечените коврети од второто заклучно со шестото коло ќе учествуваат и во седмото коло во извлекување за наградите стан и дуќан. Исто така, неизвлечените коврети од осмото заклучно со дванаесетото коло ќе учествуваат и во тринаестото коло во извлекување за наградите стан и дуќан.

Наградниот фонд содржи: три (3) станови, три (3) деловни постори, тринаесет (13) автомобили и илијададеветстотиниипедесет (1950) вредносни ваучери. Вредносните ваучери се со поединечна вредност од 1.000 до 60.000 денари од различни категории производи: бела техника и мали кујнски апарати; компјутери и компјутерска опрема; видео и аудио техника; велосипеди и опрема; мобилни телефони, фотоапарати и опрема; прехранбени продукти.

Во секое од тринаесетте извлекувања ќе се извлекува по еден автомобил и стоипедесет (150) вредносни ваучери од кои триесет (30) во вредност од 3.000 – 60.000 денари и стоидваесет (120) во вредност од 1.000 денари.

Наградите три станови и три дуќани,  се извлекуваат со следната динамика: по еден стан и деловен простор во првото, седмото и последното – тринаесетто коло.

Извлекувањата на богатиот фонд награди се реализира во специјално наменета ТВ емисија која ќе се емитува на МРТ1 секој месец по еднаш – последниот понеделник во месецот. Во меѓувреме интересот за учеството во играта се следи преку посебна ТВ емисија која се емитува секој понеделник на МРТ1 од 20:00 часот, а чие прво издание се реализираше на 02.12.2013. Овие редовни емисии се збогатени со учество на познати лица од нашата естрада, кои воедно учествуваат и во 90минутните емисии наменети за месечните извлекувања. Во оваа редовна неделна емисија може да учествуваат и граѓаните со телефонски јавувања, а за што првите десет кои ќе се јават и вклучат во емисијата, ќе бидат наградени со пакет инстант лозови од Државна лотарија на Македонија што може да им донесат добивки како што се автомобили, скутери или парични добивки до 1.000.000 денари во зависност од видот на добивката што ја носи соодветниот инстант лоз. Добитниците на овие инстант лозови, својата награда ќе можат да си ја подигнат во едно од среќните места ширум Република Македонија, со приложување на 5 фискални сметки. Добитниците на инстант лозовите стекнуваат право и да присуствуваат  во живо во емисијата во која ќе се реализира наредното извлекување, во зависност од сценариото на емисиите.

ОБЈАВА НА ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ

Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија.

ПОДИГАЊЕ НА НАГРАДИ

Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери ќе ги подигнат од благајната на приредувачот. Ваучерите во вредност од 1.000 до 5.000 денари за добитниците од другите градови освен Скопје, ќе бидат доставени на адреса на добитникот со препорачана пошта, додека за подигање на ваучерите во вредност од над 5.000 денари добитниците треба да дојдат во благајната на Државна лотарија на Македонија, во рок не подолг од 60 дена од објавата на извештајот со добитници од наградната игра.

По добивање на вредносните ваучери добитниците имаат можност согласно категоријата на производи, да се обратат на било кое продажно место на соработниците, наведени на самиот ваучер, каде во соодветната категорија на производи може да изберат еден или повеќе производи до соодветната вредност, со дополнително намалена вредност од малопродажната (наведен процент на попуст на ваучерот), со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот.

Во секое од тринаесетте кола се извлекуваат 150 награди од категоријата вредносен ваучер од кои 30 се во вредност од 3000 до 60.000 денари и 120 се во вредност од по 1.000 денари
Подолу се табелите со приказ на вредносните ваучери по категории на производи и вредност, за поединечно извлекување

Аудио/видео опрема Вредност
1 вредносен ваучер 60.000 ден.
1 вредносен ваучер 45.000 ден.
1 вредносен ваучер 30.000 ден.
1 вредносен ваучер 20.000 ден.
1 вредносен ваучер 15.000 ден.
1 вредносен ваучер 10.000 ден.

Бела техника и мали кујнски апарати Вредност
1 вредносен ваучер 60.000 ден.
1 вредносен ваучер 30.000 ден.
1 вредносен ваучер 20.000 ден.
1 вредносен ваучер 15.000 ден.
1 вредносен ваучер 10.000 ден.
1 вредносен ваучер 5.000 ден.
1 вредносен ваучер 3.000 ден.

Мобилни телефони, фотоапарати и опрема Вредност
1 вредносен ваучер 30.000 ден.
1 вредносен ваучер 20.000 ден.
1 вредносен ваучер 15.000 ден.
1 вредносен ваучер 10.000 ден.
1 вредносен ваучер 5.000 ден.
Компјутери и компјутерска опрема Вредност
1 вредносен ваучер 60.000 ден.
1 вредносен ваучер 40.000 ден.
1 вредносен ваучер 30.000 ден.
1 вредносен ваучер 20.000 ден.
1 вредносен ваучер 15.000 ден.


Велосипеди и опрема Вредност
1 вредносен ваучер 20.000 ден.
1 вредносен ваучер 15.000 ден.
1 вредносен ваучер 10.000 ден.


Прехранбени продукти Вредност
4 вредносни ваучери 4.000 ден.
120 вредносни ваучери 1.000 ден.

1. извлекување: 30.12.2013
автомобил Peugeot 208

2. извлекување: 27.01.2014
автомобил Wolksvagen Polo

3. извлекување: 24.02.2014
автомобил Seat Ibiza

4. извлекување: 31.03.2014
автомобил Peugeot 208

5. извлекување: 28.04.2014
автомобил Peugeot 208

6. извлекување: 26.05.2014
автомобил Wolksvagen Polo

7. извлекување 30.06.2014
автомобил Peugeot 208

8. извлекување 28.07.2014
автомобил Seat Ibiza

9. извлекување 25.08.2014
автомобил Peugeot 208

10. извлекување 29.09.2014
автомобил Wolksvagen Polo

11. извлекување 27.10.2014
автомобил Peugeot 208

12. извлекување 24.11.2014
автомобил Peugeot 208

13. извлекување 29.12.2014
автомобил Peugeot 208

НАГРАДА СТАН СЕ ИЗВЛЕКУВА ВО ПРВОТО, СЕДМОТО И ТРИНАЕСЕТТОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ

ПРВО извлекување: 30.12.2013

СТАН на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, со површина од 52 м2 и помошни простории од 5м2


СЕДМО извлекување: 30.06.2014

СТАН на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, со површина од 52 м2 и помошни простории од 5м2


ТРИНАЕСЕТТО извлекување: 29.12.2014

СТАН на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, со површина од 52 м2 и помошни простории од 5м2

НАГРАДА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР СЕ ИЗВЛЕКУВА ВО ПРВОТО, СЕДМОТО И ТРИНАЕСЕТТОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ

ПРВО извлекување: 30.12.2013

ДЕЛОВЕН ПРОСТОР на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, приземје, деловен простор со површина од 30,00 м2.


СЕДМО извлекување: 30.06.2014

ДЕЛОВЕН ПРОСТОР на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, приземје, деловен простор со површина од 30,00 м2.


ТРИНАЕСЕТТО извлекување: 29.12.2014

ДЕЛОВЕН ПРОСТОР на улица Трета Македонска бригада, бр 43 во Скопје, приземје, деловен простор со површина од 30,00 м2.