57 то коло на Лото 7 ни донесе добивка Џокер број со шест погодоци во вредност од 1 102 640 денари.

26.07.2022.

57 то коло на Лото 7 ни донесе добивка Џокер број со шест погодоци во вредност од 1 102 640 денари.

Добитничка со иницијали Ч.Т од Скопје ги посети просториите на Државна лотарија каде што ја потврдивме и исплативме добивката, а за возврат ни ја раскажа среќната приказна која со задовоство ќе ви ја пренесеме.Имено, среќната добитничка за себе вели дека се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија години наназад затоа што, како што вели, и причинуваат големо задоволство. Среќата ја предизвикува откако почнала сама да заработува, а оттогаш имала и помали добивки.Во продажното место „ГОГИ ТП“ секогаш уплаќа по 10 Лото комбинации со броеви кои се значајни за неа затоа што се родендени од нејзините најсакани, како и поважни датуми, но не ја изостава и дополнителната игра Џокер, а на добитното Лото ливче има уплатено 3 џокер броеви.Покрај Лото 7, добитничката заедно со нејзиното семејство се забавуваат и со инстант лотаријата на Државна лотарија. Досега остварила добивки од инстант лозовите Аладинова лампа, Дијамант и Макси Златна рипка.Средствата од добивката во изност од 1 102 640 денари ќе ги искористи да причини задоволство на најблиските. Многу подароци, летување, но ќе одвои и дел од големата добивка за донација таму кај што е најпотребно.Во 58-то коло на Лото 7, очекуваниот фонд за добивка со 6 погодоци Џокер број изнесува 600 000 денари, додека очекуваниот фонд за 7-ка изнесува НАД 17 000 000 денари.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: