Еко Скутер во Лозово

13.11.2019.

Ивица Бојковски од с. Милино, о. Лозово се приклучува на големото семејство на добитници од инстант лозот Еко скутер кои веќе го возат својот електричен тротинет.

Среќниот добитник денес ја подигна својата добивка од нашите простории каде што ја слушнавме неговата приказна. Имено, Ивица купил 3 лоза од среќното продажно место „Манексо“ во Скопје. Иако Ивица редовно купува инстанти, прв пат купил Еко скутер и среќата му се насмевнала.

Ве потсетуваме дека инстант лотаријата Еко скутер покрај многуте парични добивки крие и вкупно 365 електрични тротинети, а голем број од нив сеуште чекаат на својот сопственик.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: