100.000 денари и за Биљана Петровска од Крива Паланка

15.01.2020.

Денес се запознавме со Биљана Петровска од Крива Паланка која е една од 15те добитници на 100.000 денари од наградната игра Мој ДДВ #Моја награда.

Биљана за себе ни раскажа дека е вработена во основното училиште во Крива Паланка и дека целото семејство скенира фискални сметки од самиот почеток.

Извлекувањето на добитниците не биле во можност да го следат затоа што имале гости, па веднаш по прогласувањето на добитниците добиле телефонски повици од сите пријатели да им ја соопштат радосната вест. Наградата од 100.000 денари доаѓa во вистински момент меѓу два родендени на внучињата. 6ти роденден на Андреј и 3ти роденден на Меланија за кои ќе добијат вредни подароци од баба и дедо. Биљана и нејзиниот сопруг ќе продолжат да скенираат фискални сметки, а на награда се надева и сопругот затоа што со насмевка ни кажаа дека скенира секој за себе.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: