100 000 денари добредојдени за патување

16.01.2020.

Ви претставуваме уште една добитничка на 100.000 денари од наградната игра МОЈ ДДВ #МојаНаграда - Имран Бајрами Мемети од Скопје.
Имран е професорка по албански јазик во основно училиште, а скенира фискални сметки од самиот почеток.
При семеен собир, решила да ги почeсти најблиските со торта не претпоставувајќи дека токму таа фискална сметка ќе и донесе 100.000 денари.
Имран и нејзиниот сопруг првите честитки ги примиле од пријателите кога им се јавиле да им ја соопштат среќната вест затоа што тие не биле во можност да го следат извлекувањето кое се емитуваше на 4ти јануари. Биле збунети, но пресреќни за добивката која ќе ја искористат за патување во престојниот период со ќеркичката Рона која има 3 години.
Добитничката вели дека ќе продолжи да скенира фискални сметки, но сега со засилена поддршка од целото семејство.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: