100 000 денари за семеен одмор

17.01.2020.

Пеце Колев од Битола е последниот добитник на 100.000 денари за месец  јануари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда

Пеце за себе ни раскажа дека по професија е наставник по музичко образование во средно училиште и дека со  неговото семејство скенира фискални сметки од самиот почеток на проектот, а извлечената фискална сметка е во вредност од само  20 денари. Тие вечерта не биле дома да го проследат  извлекувањето, па дека се едни од добитниците на 100 000 денари им соопштиле најблиските кои им се јавиле да им честитаат. Пеце вели дека ќе продолжи да скенира фискални сметки, а добивката ќе ја искористат за семеен одмор кои одамна го планираат.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: