УЛОВЕНА ЗЛАТНА РИПКА НА НОВОТО ПРОДАЖНО МЕСТО ВО КОЧАНИ

22.01.2020.

На неодамна отвореното продажно место на Државна лотарија во Кочани, младиот играч С.У од Кочани, во сабота, на третиот ден по отворањето, уловил Златна рипка вредна 50.000 денари. Тој е редовен играч на инстант лотарија и се израдувал дека токму во близина на неговиот дом е отворено место каде може попатно да си ја проба среќата. Во саботата, купил два лоза Златна рипка, едниот бил недобитен, но другиот му донел 50.000 денари.

Новотвореното уплатно-исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија во Кочани се наоѓа спроти општинската зграда и веруваме дека на многумина ќе им стане среќно место.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: