26.03.2020.
Зоран Тушевски од Скопје е уште еден добитник на 100 000 денари за месец март од наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда.
Тој верува во игрите на среќа и скенира редовно сметки уште од почетокот на наградната игра. Зоран не го гледал извлекувањето, подоцна по телефон го известиле неговите пријатели. На почетокот не му се верувало бидејќи во Скопје има уште двајца тројца како неговото име и презиме
Потоа со проверка на бар кодот се уверил дека е тој и бил пресреќен. Фискалната сметка е од секојдневно пазарување во еден од скопските маркети во вредност од 340 денари.
Извлекувањето кое се одржа на 4ти март му донеле голема среќа на Зоран. Тој со парите планирал патување во Мајорка, но поради вонредната ситуација ќе го одложи за подобри времиња.
Покрај игрите на среќа на Државна лотарија, тој ќе продолжи да скенира фискални сметки се до крајот на оваа наградна игра.