27.03.2020.
Панчо Минов од с. Спанчево, Кочани е единствениот добитник на 6 погодоци од 23 коло на Лото 7.
Добивката е во вредност од 260.310 денари. Среќниот добитник редовно игра Лото 7, а добивката го изненадила кога најмалку очекувал.
Ова за него е прва добивка во животот и вели дека е пресреќен. Исплатата на добитниот лоз е потврдена и извршена во првата регионална благајна на Државна лотарија во Кочани.
За потсетување, неодамна отвореното уплатно - исплатно место на Државна лотарија во Кочани коешто се наоѓа спроти општинската зграда врши исплата на сите добивки во вредност над 5.000 денари.